Адетокумбо имал понуда да игра за Шпанија

Пред шест години, Шпанската кошаркарска федерација му понудила на тогашниот екстра талент Јанис Адетокумбо да игра за „црвената фурија“, откри менаџерот на ѕвездата на Милвоки бакс. Според агентот Јоргос Пану, Адетокумбо кога има 18 години, имал понуди да игра за Шпанија и Нигерија, но решил да чека повик од Грција.

„Јанис до последен момент чекаше грчки пасош и повик од грчкиот селектор. Иако е роден во Атина, немаше право на грчко државјанство бидејќи е дете на имигранти од Нигерија. Поради тоа, ситуацијата сакаа да ја искористат Нигерија и Шпанија, кои му нудеа пасоши. Но, желба му беше да игра за Грција и одлучи да чека“, вели Пану.

Менаџерот Пану беше жестоко критикуван од Грчката федерација што го советува Адетокумбо да не игра на Светското првенство следната година. Адетокумбо не играше во квалоификациите за СП 2019, ниту на Евробаскетот 2017, но се појави во 2016, кога иако доби договор од 106 милиони долари, ризикуваше и играше во квалификациите за Олимписките игри.

„Менаџерите се паразити. Како може тие да одлучуваат дали Јанис ќе игра на СП?“, изјави Јоргос Василакопулос, кој е претседател на Кошаркарската федерација на нашиот јужен сосед.

- Оглас -

Најнови вести