Експертите на ФИБА едногласни: Македонија ќе биде прва

Кошаркарските познавачи кои работат како аналитичари за Светската кошаркарска федерација, ФИБА, сметаат дека Македонија сигурно ќе го освои првото место во групата со Косово и Романија во претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Експертите Симас Баранаускас, Игор Ќурковиќ и Џаред Грелет, по септемвриските мечеви, немаат дилеми дека Македонија ќе биде пред Косово и Романија, а може да стигне и до самото ЕП, до кое патот ќе биде многу тежок.

„И пред да почнат мечевите реков дека од тимовите кои играа во првата фаза од претквалификациите, Македонија има најголеми шанси да оди понатаму. Останувам на тоа мислење, немам дилеми дека ќе бидат први“, вели Грелет.

„Македонија оди понатаму, а мислам дека може и да се пласираат на ЕП 2021, на десетгодишнината од нивниот огромен успех во 2011“, вели Ќурковиќ.

Во теорија, Македонија сега се бори да влезе меѓу 32-те најдобри во Европа. Сега сме во група која е од 25-то до 36-то место на континентот. Во квалификациите за ЕП ќе играат 32 тима, а на завршницата ќе се најдат 24.

- Оглас -

Најнови вести