ФИБА ја тргна забраната за нови играчи на Галатасарај

Турскиот кошаркарски клуб Галатасарај, денес соопшти дека исплати голем дел од долговите на одредени играчи и агенти, како и тренери, по што ФИБА ја тргна забраната за нови ангажмани. Долги години турскиот клуб се мачеше со финансиски проблеми, по што ФИБА им ја спушти „рампата“ на трансфер пазарот, но, раководстовото полека го враќа сјајот на клубот.

„Забраната за трансфери доделена од страна на ФИБА конечно е тргната, откако голем дел од долговите од сезоните 15/16, 16/17 и 17/18 ги исплативме на играчите и агентите. Во текот на неделава беа средени сите документи, по што  ФИБА ги одобри исплатите. Се надеваме дека брзоќе го вратиме клубот на вистинската патека“, пишува во воопштението на клубот.

Галатасарај речиси да го скрои ростерот за новата сезона, но новите аквизиции не можеа да бидат пријавени поради оваа забрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести