Хрватска останува без ѕвездата на НБА, Богдановиќ се простува

Хрватска има минимални шанси да игра на следното Светско првенство во кошарка по двата порази, од Литванија и од Полска, а веќе се најавува вистински егзодус од повлекувања на кошаркарите.

Прва најава дојде од ѕвездата на НБА, Бојан Богдановиќ, кој вели дека не знае дали некој и воопшто ќе остане и ќе продолжи да игра.

„Ако не се случи чудо, ние практично би се вратиле на големата сцена во 2021 година за Европското првенство. Тоа е долг период и не верувам дека ќе играм повеќе за репрезентацијата. Се обидовме, но не ни одеше“, изјави Богдановиќ.

Шансите на Хрватска за пат во Кина на Мундијалот сега се само теоретски и зависат и од останатите резултати во квалификациите. За селекција со четворица играчи на НБА во составот елиминацијата е голем несупех, па Хрватите стравуваат дека многумина од сегашниот состав ќе го следат примерот на Богдановиќ и ќе се простат од настапите во репрезентацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести