Испишана историја во Лигата на Нации

Грузија со 2:0 славеше на гости кај Казакстан во првиот меч од новото натпреварување на УЕФА

Новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации конечно започна. Во првиот меч кој се одигра, Грузија на гостински терен со 2:0 го победи Казакстан, во меч од Лига Д, односно најслабата лига според рангирањето. Во оваа лига е и Македонија, што значи дека тоа се потенцијални противници на „црвено-жолтите“ во походот кон Европското првенство 2020 година.

Во првото полувреме на дуелот во Казакстан немаше погодоци. Историскиот прв погодок во Лигата на Нации е дело на Ѓорѓи Чакветадзе, кој постигна одличен гол. Се играше 70 минута кога топката дојде до Чакветадзе, а овој одлевата страна со фантастичен шут ја доведе својата репрезентација во водство од 1:0.

Само неколку минути по постигнување на првиот, историски гол во Лигата на Нации, по втор пат се тресеше мрежата на Казакстан. Дефанзивецот на домаќините Малиј несмасно реагираше и си постигна автогол. Тоа е и првиот автогол во историјата на Лигата на Нации.

Уште на првиот меч ќе се памтат два битни моменти. Кога е постигнат првиот гол и кога е даден првиот автогол во Лигата на Нации.

- Оглас -

Најнови вести