Кошаркарски драми: Германија подобра од Израел по продолженија, триумф за Грција во последна секунда

Репрезентацијата на Германија по Грција е втората селекција од Европа која обезбеди пласман на Мундобаскетот 2019, откако го совладаа Израел на продолженија со конечни 112-98. Гостите имаа иницијатива во текот на целиот меч, во еден момент имаа +23, сепак, домаќините со дополнителни сили се изборија за пресврт, но не и победа во регуларниот дел. Во дополнителните пет минути Германија беше подобра со 20-6 и заслуѓено ја прослави осмата победа и пласманот на СП 2019.

Грција со кошот на Папаниколау со звукот на сирената победи со резултат од  86:85, во драматичната пресметка против Грузија. Грците се првата европска селекција која го обезбеди својот настап на следниот Мундобаскет, додека во квалификациската група Л имаат максимални осум победи од исто толку натпревари.

Русија на свое тло беше подобра од бугарската репрезентација со 77:73, па со оваа победа ја прекина серијата од два порази во низа, со што направи чекор кон третата позиција во квалификациската група К, со 12 бода, исто толку има и Финска, но Русите имаат подобра кош разлика.

- Оглас -

Најнови вести