Костеску: Македонија е поискусна, знае да казнува

Селекторот на романската кошаркарска репрезентација, Тудор Костеску, смета дека клуч на поразот на неговите избраници во синоќешната пресметка со Македонија билe лошиот шут за три поени и подобриот скок и искуството на противникот.

„Македонија заслужено победи, тие се тим кој знае како да ги казнува грешките. Ние во некои моменти покажавме недостаток на искуство. Друга важна работа е скокот. Бевме комплетно натскокани, и тука Македонија направи предност. Веројатно и лошиот шут за три поени беше клучен за поразот. Разликата од 14 поени ќе биде тешко да ја надоместиме на домашен терен“, рече Костеску.

Романците играа на Евробаскетот 2017, но поради тоа што беа домаќини и не играа квалификации. По неуспехот во квалификациите за Светското првенство, ако не ја минат оваа група, веројатно ќе паднат во Дивизија Б.

За Македонија многу е важно да биде прва и да влезе во квалификациите за ЕП 2021, бидејќи така обезбедуваме место и во квалификациите за СП 2023 година. Доколку Романија и Македонија дома го совладаат Косово, тогаш за нас клучно ќе биде гостувањето во Романија и ќе ни треба победа или пораз со разлика до 13.

- Оглас -

Најнови вести