Овој Британец со косилка има 104 „настапи“ во ЛШ

Британецот Пол Барџес, кој е еден од најголемите стручњаци на светот за одржување на фудбалски терени, а моментно вработен во Реал Мадрид, вечерва од 21 часот го очекува својот 104-ти меч во Лигата на шампионите.

Барџес на социјалните мрежи се пофали дека ова ќе му биде 19-та сезона во Лигата на шампионите. Откако е во Реал, тревата на „Сантијаго Бернабеу“, и претходно во Лондон, за мечеви од елитното европско натпреварување ја подготвувал 104 пати.

„Вечерва кога на теренот ќе излезе актуелниот европски првак и играчите на клубот кој Лигата на шампиони ја освоил неверојатни 13 пати, тоа ќе биде старт на мојата 19-та сезона по ред, односно 104 меча од ЛШ за коишто го подготвувам теренот за најдобрите фудбалери на светот. Се радувам за новата силна сезона“, напиша Барџес, кој претходно работеше во Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести