Погба цела сезона ќе биде под „лупата“ на Барселона

Барселона крои планови како да го купи Пол Погба следното лето. Скаути на клубот веќе го следат секој негов натпревар во дресот на Манчестер јунајтед, а тоа ќе го прават до крајот на сезоната.

Oд таборот на Барселона веруваат дека Французинот и покрај тоа што сезонава остана на „Олд трафорд“, негов план е да си замине од Манчестер следното лето, а „каталонците“ сметаат дека со понуда од 100 милиони евра ќе успеат да го придобијат. Голема помош ќе добијат и од агентот на Погба, Мино Раилоа, кој не е во добри односи со раководството на Јунајтед и се верува дека на лето ќе притиска за продажба на својот клиент.

Скаутите на клубот го следеа и натпреварот против Јанг бојс во Лигата на шампионите, во кој Погба реализираше два, а асиситраше на еден погодок и беше избран за играч на мечот во победата од 3-0. Планот ќе се спроведе и денес на средбата Манчестер јунајтед – Вулверхемптон, скаутите на Барса ќе го проследат настапот на Погба против „волците“ од трибините на „Олд трафорд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести