Реал оствари приход од 750 милиони евра

Актуелниот европски првак Реал Мадрид, освен со највредниот освоен трофеј, може да се пофали и со неверојатна заработка. Кралскиот клуб за минатата година забележал приход од дури 750,9 милиони евра. Минатата сезона беше многу добра за Реал. Тимот трет пат во низа стана европски првак, а во своите витрини ги донесе и пехарите од Светското клупско првенство, од Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.

Во овие 750 милиони евра не влегуваат парите кои се заработени од продажба на играчи. Овој приход е за 11,3 отсто повеќе во однос на претходната сезона, а најголем откако во клубот е дојден претседателот Флорентино Перес во 2000 година.

Поради овие факти, вредноста на Реал се искачи на неверојатни 494,5 милиони евра. Клубот има и долг од 107 милиони евра. Челниците на Реал во најскоро време треба да имаат состанок на кој ќе се одлучува за реконструкција на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести