Славејќи го голот, падна во дупка! (Видео)

Цирих победнички се врати од гостувањето кај АЕК Ларнака благодарение на голот на Бенџамин Кололи. Погодокот беше во 61-вата минута од пенал, а Кололи реши да прослави со гостинските навивачи кои беа веднаш зад голот на АЕК.

Кололи ги прескокна рекламите и тргна кон трибината. Сепак, наместо да дојде до трибината, тој заврши во дупка. Тоа е сигурносната зона која е направена помеѓу трибината и теренот, но гостинскиот играч воопшто не знаеше дека има такво нешто.

За среќа, стрелецот на голот за Цирих не беше повреден и го продолжи мечот, а целата ситуација беше навистина комична.

- Оглас -

Најнови вести