Тандемот Ѓоковиќ – Федерер загуби во Лејвер купот

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер загубија во првиот настап како тандем, во Лејвер купот со 2-1 во сетови од парот  Кевин Андерсон и Џон Сок. Новак и Роџер важеа за фаворити на овој дуел, мечот го загубија иако стигнаа до водство од 1-0 во првиот сет по тајбрејк.

Јужноафриканецот и Американецот со 6-3 изедначија во вториот сет, додека победниците се одлучија по 15 минути игра во третиот сет, во кој Андерсон и Сок беа подобри со 10-6.

Европскиот состав претходно ги доби мечевите во сингл пресметките, Димитров, Едмунд и Гофан остварија победи. Во следниот меч Ѓоковиќ ќе се пресмета со Кевин Андерсон во сингл средба, додека Федерер ќе игра против Кирјос.

 

- Оглас -

Најнови вести