Вардар ќе мора да се вади во Ѓорче

Вардар и Македонија Ѓорче Петров одиграа 1-1 во единствениот прволигашки двобој од осминафиналето во Купот на Македонија. Реваншот се игра на трети октомври, кога домаќини ќе бидат „лавовите“. Македонија поведе во 14-тата минута со голот на искусниот Кировски, а Вардарци изедначија во 72-рата минута.

Струмичките екипи беа доста расположени и најверојатно ќе одат во четврт-финалето. Академија Пандев ја разби Брегалница во Штип со 6-2, додека Беласица славеше во Битола кај Пелистер со 2-0.

Од домашните тимови, славеше само Шкендија, и тоа против амбициозниот Кит-Го. Шкендија е бранител на трофејот во ова натпреварување.

Куп на Македонија, осминафинале, (први натпревари): Брегалница – Академија Пандев 2-6, Скопје – Силекс 0-2, Гостивар – Победа 1-2, Пелистер – Беласица 0-2, Шкендија – Кит-Го Пехчево 2-0, Тиквеш – Работнички 0-1, Вардар – Македонија Ѓ.П. 1-1. Кораб е слободен.

- Оглас -

Најнови вести