Канада нема да му се предаде на САД

Канада – САД (Лига на нации, 01.30 часот)

Уште при комплетирањето на групите во најсилниот сегмент А од Лигата на нациите во Конкакаф зоната беше јасно дека САД и Канада ќе бијат битка за првото место во групата А, каде што покрај нив е и Куба.

Следните два меча и пресметките на овие две селекции ќе одлучат која селекција ќе игра на фајнал фор турнирот за титулата во новото натпреварување.

САД се фаворити, но и Канада има свои сметки и многу солиден состав, со неколку интернационалци. Три клуба од МЛС-лигата вечерва ќе имаат репрезентативци во двете селекции, а Канада има деветмина од најсилната лига на Северна Америка.

Голманот на Црвена ѕвезда, Борјан, потоа Арфилд од Глазгов ренџерс, Хојлет од Кардиф, Дејвид од Гент… потврдуваат дека Канада има силни адути против многу пореномираниот состав на САД. Овие две селекции заедно со Мексико се единствените што освојувале титули на Конкакаф Голд купот и ноќеска се очекува жетока битка во Торонто.

Предлог тип: ГГ (1.91)

 

Кајмански Острови – Сент Мартин (Лига на нации, 01.30 часот)

Двата егзотични Острови и нивните фудбалски репрезентации имаат уникатни приказни, а ноќеска индиректно ќе гледаме пресметка на големите европски ривали Англија и Франција.

Кајманските Острови се под британска контрола, а почетокот беше интересен. Тие се членки на ФИФА и за првиот меч под закрила на Светската фудбалска организација дури осуммина играчи од Лигите во Англија и во Шкотска играа за Кајманските Острови, а најпознати беа Гед Бренан од Мадервел и Бери Хејлс од Фулам.

Сега имаат само еден играч од Европа, Ентон Нелсон, кој игра во Ланели од Велс, а Џошуа Фредерик им игра во клуб од пониските лиги во САД. Сите останати репрезентативци се членови на клубови од домашното првенство.

Сент Мартин има уште поинтересна фудбалска приказна. Сè уште не е член на ФИФА, но во Конкакаф е примен. Францускиот дел од територијата на Сент Мартин се организираше на фудбалски план и настапува во зонските натпревари што ја опфаќаат Северна и Средна Америка и Карибите.

Двете селекции се во групата Ц од Лигата на нациите во Конкакаф зоната, а Сент Мартин приреди сензација и со хет-трикот на Јаник Белушас ги победи Кајманите со 3:0.

Домаќинот е лидер и бие битка за преселба во Сегментот Б и вечерва ќе типуваме дека ќе му се реваншира на фенерџијата во групата А од најслабиот сегмент во Лигата на нации.

Предлог тип: 1&ГГ (2.50)

 

Боливија – Хаити (пријателски меч, 02.00 часот)

Пријателскиот меч меѓу Болвија и Хаити ќе се игра во Санта Круз, најголемиот град во Боливија, што ќе биде олеснителна околност за гостите кои нема да мора да се мачат со надморската височина, како на пример во Ла Паз.

Санта Круз де ла Сера е на 400 метри надморска височина, што не претставува проблем со разредениот воздух како во Ла Паз, каде што Боливија најчесто ги игра квалификациските мечеви.

Боливија е во голема криза и има црна серија од 12 натпревари без победа, па Хаити е шансата на домашен терен да се прекине постот што трае цела година.

Хаити знае да изненади и подоброрангирани селекции од себе. Беа тврд орев за посилните од себе Канада и Мексико на Голд купот. Ја елиминираа Канада во четврт-финалето со победа од 3:2, а потоа загубија од Мексико дури по продолженија, што беше оценето како голем успех за нив. Можат да ја изненадат и во последно време лошата Боливија, но според нас, подобро е да се типува дека ќе има гол(ови) на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.73)

 

Мексико – Панама (Лига на нации, 03.30 часот)

Ова е прв дуел на двете селекции што ќе бијат директна битка за челната позиција во групата Б од најсилниот сегмент воЛигата на нациите.

Панама веќе има еден кикс и пораз од Бермудските Острови, и тоа на свој терен, па пораз ноќеска во Мексико сити ќе значи збогување од сонот да се игра на Ф4 за титулата.

Мексико ретко губи на легендарниот стадион „Ацтека“, дури и од најсилните репрезентации, а митот на непобедливост на еден од најпознатите светски стадиони нема да падне ниту ноќеска.

Мексико има многу подобра репрезентација. Откако го назначија Тата Мартино за селектор, имаат само еден пораз од Аргентина на последните 14 меча и ќе типуваме нивна убедлива победа.

Предлог тип: 1&3+ (1.80)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести