Лејкерс имаат лесна задача против десеткуваните воини

Њу Џерси девилс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)

Њу Џерси и Отава сè уште се двете најслаби екипи во Источната конференција, но ја подобрија формата на последните пет меча, на кои имаат идентичен биланс од три победи и два порази.

Отава се мачи со резултатите втора сезона по ред, а поразот од Каролина од 8:2 пред две вечери ја врати во реалноста. Сенаторс имаат проблеми со повредите, а особено недостасуваат искусните Калахан, Габорик и Анисимов.

Њу Џерси има одличен прв напад предводен од Палмиери и Хол, но се чини дека има поскромен ростер од конкурентите за плејофот, па ако не се смени нешто драстично, повторно ќе бидат надвор од трката за титулата.

Лани двете екипи беа последнопласирани во Источната конференција, а и сега е така, па секој бод многу ќе им значи и на домаќините и на гостите. Последните меѓусебни дуели им беа суперефикасни и нема причина тој тренд да не продолжи и ноќеска.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.67)

 

Филаделфија флаерс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 01.30 часот)

Во дербито на рундата ноќеска во НХЛ и двете екипи влегуваат со многу самодоверба по добрите настапи во последно време.

И Флаерс и екипата од главниот град на САД, популарните Капиталс имаат по 4 победи на последните пет меча. Интеренсо е што Филаделфија играше продолженија на 4 од тие пет меча и само еднаш загуби.

Сè уште се очекува да се разигра првиот напад, предводен од еден од најдобрите играчи во оваа деценија Клод Жиру и Ван Римсдајк. Капитенот Жиру лани беше втор поентер во НХЛ со 102 поени, но годинава и тој и Ван Римсдајк почнаа поскромно, но најважно е за тимот што ја поправи формата и победува. Во топ-форма е 22-годишниот Канаѓанец Тревис Конечни со 19 поени (8 гола и 11 асистенции), а Флаерс имаат одлична комбинација на искусни волци и млади играчи.

Вашингтон го има најдобриот асистент во Лигата, Џон Карлсон, и третиот стрелец Александер Овечкин, срцето и душата на тимот што повторно има шампионски амбиции.

Вашингтон има одличен биланс во последно време против Филаделфија, доби 4 од последните пет меѓусебни дуели, но ќе типуваме на голови и очекуваме ефикасен меч на две екипи кои се во форма.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.52)

 

Лос Анџелес лејкерс – Голден стејт вориорс (НБА, 04 часот)

Лејкерс во моментов се пресилни за Воините, кои имаат исклучително големи проблеми со повредите. Веќе се знае дека Кари, Томпсон, Луни, Ли и Спелман нема да играат, а охрабрување за некогашниот шампион е што се врати Дрејмонд Грин.

Интересно ќе биде да се види како ќе одигра Деанџело Расел, кој играше за Лејкерси, па си замина, а повторно беше цел на Езерџиите, но се одлучи да игра за Голден стејт. Расел е во одлична форма со просек од 26,3 поени, но со овој формат и ростер што го имаат гостите сепак се преслаби за Лос Анџелес лејкерс.

Домаќините газат одлично, имаат скор од 8-2 и како најдобар тим моментно во НБА ќе немаат проблеми против Голден стејт, иако е неизвесен настапот на Ентони Дејвис.

Предлог тип: 1-1 (1.62)

 

Паскал Сијакам (Портланд трејлблејзерс – Торонто репторс, НБА 04 часот)

Крилото на Торонто се наметна како лидер на тимот што ја брани шампионската круна по заминувањето на Кавај Ленард.

Сијакам е едно од најдобрите високи крила во НБА, а сезонава има извонреден просек од 26,3 поени и 9,3 скока. Игра фантастично, а Репторс се меѓу најдобрите екипи во Лигата.

Ноќеска Сијакам ќе има многу простор за игра бидејќи Портланд има проблеми со повредите на кошаркарите што играат токму на позицијата крило. Неизвесен е настапот на Худ и на Лабисие, а Хезоња тешко дека може да го сопре разиграниот лидер на Торонто.

Сијакам ноќеска ќе мора да даде и повеќе од максимум за да се победи Портланд бидејќи во тимот на актуелниот првак ќе ги нема Лаури, Ануноби и Ибака.

„Роуз Гарден“, или како што сега се нарекува „Мода центар“, не е веќе баук за гостинските екипи како што тоа беше во минатото, па Портланд има само една победа дома на четири меча. Сијакам е во топ-форма и ќе одиграме на плус поени.

Предлог тип: > 26.5 поени (1.90)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Торонто репторс, НБА 04 часот)

Бекот на Портланд е втор стрелец во НБА со просек од 32,5 поени и пред него е само Џејмс Харден со 37,3 поени. Игра одлично, но тимот има негативен биланс од 4 победи и 7 порази.

Лилард постави личен и клупски рекорд пред пет ноќи, кога постигна 60 поени во дуелот со Бруклин, што на крајот сепак беше загубен.

И ноќеска Демиен ќе мора да ги влече конците во тимот што ќе биде хендикепиран со неиграњето на Колинс, Гасол и Нуркиќ и веројатно и Худ.

Предлог тип: > 28.5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести