Лејкерс ќе презентираат моќ и против мамузите од Сан Антонио

Колумбус блу џекетс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)

Отава се разигра и со три победи во низа најави дека не сака да игра епизодна улога и во новата сезона. Лани Сенаторс беа многу слаби и завршија на последното место во НХЛ.

Колумбус играше плејоф и по сензацијата во првото коло, кога го елиминираа првиот фаворит на Истокот, Тампа Беј, испаднаа во серијата со Бостон.

Блу џекетс се надеваат на реприза од лани и нов настап во доигрувањето за титулата, но моментно се далеку од позициите што водат во плејофот.

Серијата од три победи им ја прекина Винипег, но Џекетс се солиден состав и можат да направат пресврт и да бидат конкурентни за првите 8 позиции во Источната конференција.

Меѓусебните дуели меѓу овие две екипи беа доста ефикасни во последно време, па ќе типуваме на голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.73)

 

Њујорк ренџерс – Минесота вајлд (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи се во долниот дел на табелите во двете конференции во НХЛ, а слаба точка им се лошите одбрани. Минесота прими дури 77 голови и само три екипи во Западната коференција имаат повеќе примени погодоци.

И Њујорк не е ништо подобар, па ривалите им ја тресеа мрежата 76 пати на 21 меч на Истокот од НХЛ-лигата.

Проблем за Ренџерите е што Минесота воопшто не им лежи со играта и ги порази на последните 4 меча по ред.

И двете екипи лани го прескокнаа плејофот, а според тоа како играат, и сезонава ќе им биде тешко да се пробијат до октетот најдобри во своите конференции за да бијат битка за титулата.

Минесота го има рецептот како успешно да го скроти тимот на Њујорк, кој е во малку подобра форма, па ќе типуваме дека гостите нема да загубат.

Предлог тип: Х2 (1.55)

 

Нешвил предаторс – Сент Луис блус (НХЛ, 02 часот)

Нешвил му одржа лекција пред две ноќи на шампионот, и тоа на гостински терен, и во одличен меч славеше со 4:2. Со триумфот Предаторите ја сопреа серијата од 4 порази од Сент Луис, а исто така ја ставија ад акта и низата од 4 порази во шампионатот.

Сент Луис има доста проблеми со повреди на клучните играчи. Повторно можно е да не играат Тарасенко, Стин, Бортуцо и Блејс. Отсуството на првите двајца е значајно за актуелниот шампион бидејќи Тарасенко и Стин се важни алки во играта на гостите.

Првакот играше страшно добро на гостински терен лани во плејофот и со повеќе победи на страна отколку дома успеа да го освои пехарот во Стенли купот. Интересно е што Сент Луис има одиграно продолженија на четири од последните пет гостувања, па за похрабрите и „нулата“ може да биде добар избор.

Предлог тип: Х2 (1.70)

 

Атланта хоукс – Минесота тимбервулфс (НБА, 01.30 часот)

Хоукс се изморија уште во првиот период од сезоната и се тимот што е во најлоша форма во НБА-лигата. Имаат пет порази по ред, или 9 на последните 10 меча, па и новиот циклус во НБА-лигата ќе биде слаб за Атланта, а плејофот, како што се одвиваат работите, ќе остане само сон.

Тре Јанг и Џабари Паркер се единствените светли точки кај Атланта. Многу недостасува казнетиот Џон Колинс, кој е иднината на клубот. Ноќеска против Минесота нема да игра и Уертер, па се наѕира нов пораз за домашниот тим.

И Минесота не игра според квалитетот на тимот што го има. Волците имаат две Ол-стар ѕвезди и Таунс и Вигинс играат добро, но немаат поддршка од останатите соиграчи, па Минесота стаса само до 50 посто биланс во 16 меча.

На последните пет меча имаат четири порази и ноќеска имаат убава шанса да стасаат до позитивно салдо и да ја забележат деветтата победа во новата сезона.

Интересно е што последните два меча меѓу Хоукс и Тимбервулфс завршија нерешено, па иако е ризично можете да се обидете да „бркате“ хет-трик „иксови“ со коефициент 13 во обложувалниците на Sport Life.

Посигурна варијанта според нас е да одиграте на плус поени со најмалата граница од 231,5 поен.

Предлог тип: > 231.5 поени (1.77)

 

Сан Антонио спарс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 02.30)

Спарс е едно од разочарувањата на почетокот на новата сезона во НБА-лигата. Клубот што во овој милениум е еден од најдобрите во НБА-лигата и особено се истакнуваше со челичната одбрана, сега е просечен само со 6 победи и 11 порази.

Грег Попович го загуби магичниот рецепт за добра одбрана, па Мамузите се четвртиот најслаб состав во Западната конференција според бројот на примени кошеви.

Чудно е како тим што ги има НБА-ѕвездите Де Розан и Олдрич и неколку одлични млади кошаркари како Форбс, Вајт…, а тука се и искусните Милс и Гај, игра толку лошо.

Сега на гости им доаѓа најдобриот тим во Лигата. Лос Анџелес лејкерс со скор од 14-2 и 14 победи на последните 15 меча.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис одлично соработуваат, како нов моќен тандем во градот на шоуто, а резултатите се видливи. Проблем за „езерџиите“ ноќеска ќе биде што нема да игра еден од најдобрите дефанзивци во НБА, Ејвери Бредли. Можно е да не настапи и Карусо, но Лејкерс се во топ-форма и во моментов се подобри од Сан Антонио.

Предлог тип: 2 (1.68) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести