Лидс на тешко гостување, но на мака се познаваат јунаците

Шарлроа – Мехелен (фудбал, Белгија, 20.30 часот)

Поразот од Генк не влијаеше негативно врз Шарлроа бидејќи потоа го разбија Варегем, па сега се на бод позади третиот Антверпен. Мехелен е осми и викендов го претрпе третиот пораз по ред. Мехелен е тим кој загуби на три од последните четири гостувања, додека Шарлроа доби шест од последните седум домашни дуели. Двојката тука е исклучена, за Мехелен успех би било ако даде гол бидејќи на претходните три гостувања во Шарлроа не успеваше да погоди.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Барнсли – Бирмингам (фудбал, Англија 2, 20.45 часот)

Барнсли е претпоследен и во последните четири кола освои само еден бод, а Бирмингам нема пораз во последните пет кола и засега се држи во средината на табелата. Барнсли не знае за победа во 2020 година, додека гостите се во многу подобра форма. Во август, Бирмингам дома славеше со 2-0. На нивните последни шест меѓусебни дуели кога Барнсли бил домаќин редовно паѓаа барем два гола.

Предлог тип: 2 (2.80)

 

Брентфорд – Лидс (фудбал, Англија 2, 20.45 часот)

Ова е дерби ако се знае дека Лидс е втор, а Брентфорд петти. Ако слави Брентфорд, ќе избие пред Лидс. Тимот на Езџан Алиоски има четири порази во последните пет кола и иако делуваше дека сигурно гази кон Премиер лигата, сега е во голем проблем. И традицијата е против Лидс. Од последните шест дуели на овие тимови во Лондон, Лидс никогаш не победил (четири порази и две ремија). Летоска Лидс победи дома со 1-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

Свонси – КПР (фудбал, Англија 2, 20.45 часот)

Лебедите од Велс имаат само една победа во последните шест кола, но, за нивна среќа, вечерва играат против тим кој е во уште полоша форма. Квинс Парк ренџерс има четири порази едноподруго и серија од пет порази едноподруго на гостувањата. КПР од последните три гостувања кај Свонси си одеше со порази од два до три гола разлика, на овој стадион никогаш не дале повеќе од еден гол. Но, во ФА купот го разбија Свонси со 5-1.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Фамаликао – Бенфика (фудбал, Португалија куп, 21.45 часот)

Прилично висока е квотата за победа на Бенфика, но ова е куп, секогаш се можни некакви изненадувања. Ова е реванш, првиот меч го доби Бенфика со минимални 3-2. Фамаликао викендов „се прослави“ со катастрофален пораз од 0-7 од Гимараиш и тоа мора да остави последици. И Бенфика е како „ранет лав“, го загуби дербито од Порто. Тимот од Лисабон никогаш не гостувал кај Фамаликао, во декември Бенфика славеше со 4-0.

Предлог тип: Т2 2+ (1.63)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Фенербахче – Киркларелиспор Т1 1+ I & Т1 3+ (1.90)

Шарлроа – Мехелен 1Х & 3+ (2.30)

Нотингем форест – Чарлтон 1 & 1+ второ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести