Ренџери од Њујорк знаат како да го сопрат Ураганот од Каролина

Каролина хурикенс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Њујорк сезонава знае како да игра против Каролина и има предност од 3:0 во победи пред стартот на последниот меѓусебен дуел сезонава со големиот ривал за место во плејофот.

Ренџерс играат одлично во последниот период, ја кренаа формата во вистинско време, кога почнува последната четвртина од регуларниот дел на шампионатот.

И двете екипи имаат шанси за да бидат во октетот најдобри на крајот од регуларниот дел на сезоната во Источната конференција, но секој кикс и пораз во оваа фаза скапо чини.

Домаќините ќе мораат да играат без Хамилтон и Мартинок и веројатно без Флури, а Њујорк го има комплетниот ростер на располагање.

Ренџерс сезонава го имаат рецептот како се победува Каролина и ќе типуваме дека се поблиску и до 4:0 во меѓусебните дуели, отколку Ураганите до првата победа во меѓусебните дуели со тимот од Њујорк.

Предлог тип: Х2 (1.79)

 

Бредли Бил (НБА, Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс, 01 часот)

Бекот шутер на Вашингтон е меѓу најдобрите стрелци во Лигата и моментно со просек од 29.1 поен е на петтата позиција. Малку му фали да се пробие дури и на втората позиција зад засега неприкосновениот лидер и најдобар кошгетер, Џејмс Харден.

Интересно е што на последните два меча кои Вашингтон ги доби Бил постигна точно по 30 поени. Екипата има шанси за настап во плејофот, бидејќи е на деветтото место во Источната конференција и има само 4 победи помалку од Орландо, кој е осми.

Бил е кошаркарот од кого зависат многу работи кај Визардс и кога тој игра како што умее, тимот може да победува. Играта на Кливленд му лежи на Бредли, против нив постигна 36 поени на последниот меѓусебен меч и ќе типуваме дека повторно ќе биде ефикасен со повеќе од 30 поени.

Предлог тип: >30.5 поени (1.90)

 

Колин Секстон (НБА, Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс, 01 часот)

Секстон е еден од најдобрите млади бекови во НБА лигата и голем потенцијал за Кливленд. За жал екипата не игра добро и е моментно е со најлош биланс во Источната конференција и втор најслаб во Лигата, зад Голден стејт вориорс.

Секстон се чини е единствената светла точка кај Коњаниците од Кливленд, но неговите добри настапи не се рефлектираат на резултатите на тимот.

Колин има просек од 19.8 поени, но и добра серија против Вашингтон. Против Визардс одигра 7 меча и на пет од нив лесно ја минуваше границата од 21.5 поен, колку што е во додатокот за НБА во Sport Life за осмиот меч што ќе го игра против ривалот од Источната конференција.

Типуваме дека Секстон и шести пат ќе биде ефикасен со повеќе од 21.5 поени.

Предлог тип: >21.5 поени (1.87)

 

Њујорк никс – Индијана пејсерс (НБА, 01.30 часот)

Двете екипи беа големи ривали во финишот на минатиот век и одиграа неколку легендарни мечеви и плејоф серии. Сега Индијана игра многу подбро од Њујорк никс, франшиза која е најскапа во НБА според Форбс, но според резултатите е меѓу најслабите.

Домаќините во мини-преодниот рок останаа и без Маркус Морис, кој им беше најдобар стрелец, но и без него резултатите се горе-долу исти. Никс и покрај тоа што има повеќе од двојно порази од победи со биланс 17-38 се уште има шансиз а настап во плејофот.

Кај Индијана најавено е дека Виктор Оладипо ќе добие поголема минутажа во осмиот меч по кам-бекот на терените во НБА лигата. Тој е првата ѕвезда во тимот, но беше долго отсутен. Ноќеска нема да игра одличното крило на Пејсерс, Ти-Џеј Ворен.

Во последно време меѓусебните дуели на двата големи ривали од минатото беа многу неизвесни, а разликата за победникот беше мала. Типуваме дека повторно ќе одиграат меч со возбудлива завршница и со малку кошеви.

Предлог тип: < 215.5 поени (1.67)

 

Минесота тимбервулфс – Бостон селтикс (НБА, 02 часот)

Минесота е едно од најголемите разочарувања сезонава во НБА лигата. Тимот што ги имаше двете млади ѕвезди Карл Ентони Таунс и Ендрју Вигинс има само 16 победи во 53 натпревари, а и комполетно го смени ликот.

Вигинс си замина, дојде Деанџело Расел и уште неколку нови играчи во размените во кои Минесота беше меѓу најактивните во мини-преодниот рок во февруари.

Сето тоа треба да се вкомпнира и тоа без најголемата ѕвезда, бидејќи Таунс е повреден и нема да игра ноќеска.

Кај Бостон отсутен ќе биде Кемба Вокер, но Селтикс имаат широк и многу добар ростер и се фаворити. Пред Ол-стар викендот имаа 8 победи на последните девет натпревари, па се очекува Тејтум и соиграчите да продолжат во победнички ритам.

Предлог тип: 2& >226.5 поени (2.50)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести