По пет години, време е за реми меѓу Мадервел и Абердин

Ахмат Грозни – Динамо Москва (Русија, Премиер лига, 17.30 часот)

Двете екипи имаат три нерешени меѓусебни мечеви по ред и нема да биде чудо ако и сега биде икс. Сепак, екипата од Грозни има мала предност бидејќи игра на свој терен, а на „Ахмат арената“ ќе имаат голема поддршка од навивачите.

На домаќинот очајно му треба победа за да побегне од последната позиција на табелата. Имаат и солиден тим, со неколку добри интернационалци, и ќе се обидат да победат против уште еден ривал од Москва.

Динамо е опасен гостин, собра 15 бода на натпреварите на кои гостуваше и има повеќе победи од порази. Ќе сакаат со победа да се доближат до позициите кои водат во еврокуповите, но ќе типуваме дека тимот од Грозни ќе победи.

Предлог тип: 1 (2.70) 

 

Анкарагучу – Ризеспор (Турција, Суперлига, 18 часот)

Анкарагучу во последен момент од зимскиот преоден рок купи цел нов тим од играчи, користејќи го тргањето на забраната за трансфери.

Експресната реакција не им помогна многу и очигледно е дека им треба време на 15-темина нови фудбалери да се вклопат во системот на тренерот Акчај. Одиграа добар меч во последното коло против фаворитот и турски гигант Бешикташ, иако загубија со 2:1 во Истанбул.

Ризеспор е во голема криза и има шест меча без победа, па ќе играат попретпазливо. Пораз во Анкара ќе им донесе многу главоболки и веројатно и пад во зоната за испаѓање.

Очекуваме тврд меч со малку голови, а ќе типуваме дека бодовите ќе останат во главниот град на Турција.

Предлог тип: 1 (2.55)

 

Касимпаша – Ѓозтепе (Турција, Суперлига, 18 часот)

Касимпаша се разигра и нареди три меча без пораз, а посебен поттик ќе им даде последната победа од 5:1 против Кајзериспор. И покрај солидните партии фудбал во последно време, екипата се наоѓа во опасната зона.

Ѓозтепе е во сосема спротивен мод и има три меча без победа, што е предупредување и за тренерот Парлатан и за играчите.

Сепак, тимот е на безбедно растојание од местата кои водат во понизок ранг и може да се игра без посебен императив.

На Касимпаша му требаат бодови за опстанок, играат во добра форма и ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

Фортуна Дизелдорф – Падерборн (Германија, Бундеслига, 20.30 часот)

Овој меч требаше да биде дерби на дното бидејќи и двете екипи се загрозени и стравуваат за опстанокот, но поради Коронавирусот веројатно и Фортуна и Падерборн ќе играат во Бундеслигата и следната сезона.

Во таква ситуација и кога се игра без публика може да се очекуваат голови. Двете екипи примаат доста голови, а знаат често да бидат ефикасни во меѓусебните дуели.

Фортуна ќе биде хендикепирана со неиграњето на Закари Стефен и на Вајзнер, а неизвесен е и настапот на Полјакот Ковњачки.

Гостите имаат играчи кои долг период отсуствуваат, а нема нови повредени и суспендирани кај Падерборн, што е поволен билтен за последнопласираниот тим во Бундеслигата.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

Мадервел – Абердин (Шкотска, Премиер лига, 20.45 часот)

На последните 15 меѓусебни натпревари немало реми меѓу Мадервел и Абердин, па можеби е време да се прекине една долга традиција што трае веќе пет години.

Со квалитетот и Мадервел и Абердин се тука некаде, изедначени, а и позицијата на табелата го потврдува тоа. Мадервел со 46 бода е на третото место и има само еден бод повеќе од четвртопалсираниот Абердин.

И на двете екипи не им е загрозено местото во плејофот и ќе разигруваат за титулата и за позиции во европските купови, па денеска можат да одиграат меч за публика. Очекуваме ефикасен меч и по еден бод за двете екипи.

Предлог тип: Х (3.20)

 

Во дневната понуда на Sport Life со уникатни коефициенти можете да ги одиграте овие три натпревари:

Анкарагучу – Ризеспор 1-3I&1-3II (2.05)

Арминија Билефелд – Оснабрик 1Х&2-4 гола (1.90)

Фортуна Диселдорф – Падерборн Т1 2+&ГГ (2.50)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести