Брентфорд има опасен напад, ќе ги гледаме Пчелите во Премиер лигата

Петра Мартиќ – Алисон Ван Ујтванк (Тенис, ВТА Палермо, 17.30 часот)

Хрватката е прва носителка на првиот турнир во пост-корона ерата со кој се означува и кам-бек на еден од најубавите индивидуални спортови.

Мартиќ е фаворит, но и Ван Ујтванк не е без шанси, барем според формата што ја прикажа пред мартовскиот прекин на сезоната поради корона-вирусот.

Двете тенисерки играа меѓусебе само еднаш и Мартиќ во многу неизвесен меч ја победи Белгијката со 2:0 во првото коло на Австралија опен пред две години. Тогаш две грешки на Ван Ујтванк, но и малку среќа и помогнаа на Мартиќ да слави со 7:6, 6:3.

Големо прашање е во каква форма се тенисерките по долгата пауза од над пет месеци и тоа ќе биде енигма за сите.

Според минатиот труд и квалитетот, разликата не е голема, па ќе типуваме дека и во вториот нивни меѓусебен меч ќе има тај-брејк.

Предлог тип: Има тај-брејк (3.40) 

 

Камила Џорџи – Ребека Петерсон (Тенис, ВТА Палермо, 18.30 часот)

Досега Џорџи и Петерсон имаат одиграно два меча и двата лани, а поважниот дуел го доби Италијанката. Една од најатрактивните тенисерки на денешницата точно пред една година победи во Вашингтон со 2:1 во осминафиналето, а потоа стаса и до меч за титула, но загуби од Пегула во финалето.

Петерсон и се реваншираше само еден месец подоцна на турнирот во Вухан, а тогаш Џорџи го предаде мечот при резултат 0:1 во сетови поради повреда.

Италијанката е во предност бидејќи игра на турнир во својата родна земја, а Петерсон е подоброрангирана, па некако адутите за победа се израмнети. И по квалитет не се разликуваат многу, па ќе типуваме дека на земјениот терен во Палермо ќе гледаме долг меч во три сета.

Предлог тип: >21.5 гем (1.98) 

 

Лилестром – Согндал (Втора лига, Норвешка, 19 часот)

Двата поранешни стандардни прволигаши имаат скромен старт во Втората лига и се во средината на табелата со 9, односно 8 бода од шест меча.

Лилестром ќе се обиде со победа да го прескокне Сонгдал и да најави победничка серија со која петркратниот норвешки првак би почнал пробив кон горниот дом.

Домаќините се четвртиот најтрофеен тим во земјата, но како играат тешко ќе се вратат во елитниот ранг. Нанижаа четири меча без победа, па Геир Баке ќе мора да менува нешто, а во случај на неуспех може и да добие отказ.

Интересно е што на спротивната страна кај Согндал тренер е уште еден Баке, Ејрик, кој имаше многу подобра кариера како играч од својот колега. Ејрик беше член на Астон Вила и на Лидс, а има и 27 настапи за норвешката репрезентација.

Двете екипи се во скромна форма, па можеби најреално е мечот да заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.30)

 

Брентфорд – Фулам (Плејоф, Чемпионшип, 20.45 часот)

Дербито на Западен Лондон е најскапиот клупски меч во историјата и експертите од „Делојт и Туш“ пресметаа дека на победникот и нов премиерлигаш може да му донесе ќар од неверојатни 300 милиони евра, ако успее да опстане во елитниот ранг идната сезона.

Фулам е поискусна екипа и ќе се обиде експресно да се врати во Премиер лигата, откако испадна лани, а Брентфорд ако успее да победи ќе забележи историски пласман во најсилната англиска лига.

Главното прашање во финалето, што најмногу ги мачи симпатизерите на Фулам е дали ќе игра Александар Митровиќ. Најдобриот стрелец во Чемпионшип лигата е повреден и неговиот настап е неизвесен.

Популарните Пчели од Лондон, тимот на Брентфорд го има вториот стрелец во Лигата, Оли Воткинс, кој постигна 25 гола, еден помалку од Митровиќ.

Нападот на Брентфорд функционира како часовник, а триото Воткинс, Бенрама и Мбуемо е најопасната комбинација во целата Лига, со вкупно постигнати 58 гола, сметајќи го и двомечот во плејофот со Свонси.

Иако Фулам е поискусен тим, Брентфорд изгледа многу опасно, игра модерно и ќе типуваме дека ќе испише историја со прв пласман во Премиерлигата.

Предлог тип: 1 (2.35) Супер тип на Sport Life

 

Киево – Емполи (Плејоф, Серија Б, 21 часот)

Со три победи по ред Киево се проби до позициите што му дадоа шанса да игра за последниот билет кој води во Серија А. Патем успеаја и да бидат пред Емполи, па ќе можат да го играат четвртфиналето на свој терен во Верона.

Двете екипи до неодамна беа прволигаши, имаа искуство и овој дуел ќе биде многу интересен. Двата меча сезонава ги одиграа со резултат 1:1, а вкупно четири натпревари по ред ремизираат, па некако и сега најблиску е иксот.

Сепак ова е нокаут меч и мора да има победник што ќе и гостува на Специја за место во финалето.

Киево фати ритам во финишот и е во подобра форма, па типуваме дека нема да загуби во регуларниот дел, во меч со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.67)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести