Реал не може без гол на два меча по ред

1803 – Аугсбург – Борусија Дортмунд (Бундеслига, 15.30 часот)

Борусија тргна во новата сезона во спектакуларен стил, со победа и со многу млади играчи, кои покажаа есктра-квалитет. Квартетот Санчо, Халанд, Реина и Белингам се се уште голобради момчиња, а играат многу зрело. Ја разбија квалитетната екипа на Борусија Менхнегладбах, па и денеска ќе се обидат да го сторат истото со стариот муштерија Аугсбург, од кого имаат само еден пораз на последните 11 меѓусебни дуели.

Во последно време мечевите на овие две екипи изобилуваат со голови, имаше и две седмици, па нема да биде чудо и денеска на „ВВК“ арената да има нов експлозивен меч со многу погодоци.

Аугсбург стартуваше победнички во Берлин и домаќинот гаи офанзивен стил на фудбал, може да постигне гол(ови), но ќе загуби од големиот фаворит.

Предлог тип: 2&5+ (4.80)

 

3002 – Калјари – Лацио (Серија А, 18 часот)

Калјари беше надигран од Сасуоло на премиерата, но можеше дури и да победи, откако поведе со голот на Симеоне во последната четвртина од мечот.

Тимот од Сардинија има солиден напад, но кај избраниците на Ди Франческо не функционираше средниот ред и ако не се корегира нешто, тогаш Лацио нема да има проблем да победи на „Сардења“ арена.

За лацијалите ова е премиерен меч во Серија А сезонава и ќе бидат посебно мотивирани да тргнат победнички.  На последните пет меѓусебни дуели меѓу Калјари и Лацио секогаш имаше најмалку по три гола, а се тресеа и двете мрежи, па можеби играта ГГ&3+ е најдобар избор,но ние ќе типуваме на победа на гостите со најмалку два гола во мрежата на Алесио Крањо.

Предлог тип: 2&Т2 (2.05)

 

1003 – Вест Бромвич Албион – Челзи (Премиерлига, 18.30 часот)

ВБА прими дури 8 гола на два меча по кам-бекот во Премиерлигата, што е потврда дека новите прволигаши тешко се прилагодуваат на повисок и поквалитетен ранг на натпревари.

На Славен Билиќ ќе му биде исклучително тешко со тимот што го има да избори опстанок во Премиерлигата, а денеска на гости им доаѓа еден од фаворитите за титулата.

Франк Лампард има слатки маки во изборот на стартниот состав по одличниот пазар летово. Особено моќен изгледа напаѓачкиот дел со Вернер, Абрахам, Хаверц, Жиру…

Челзи е голем фаворит и бара рехабилитација по поразот од шампионот Ливерпул и типуваме на победа на гостите во ефикасен меч

Предлог тип: 2&3+ (1.98)

 

1305 – Бетис – Реал Мадрид (Ла Лига, 21 часот)

Бетис почна перфектно во новата сезона во Ла Лига и без примен гол е лидер на табелата со две победи во првите две кола.

За разлика од нив кралскиот клуб разочара со скромната претстава против Реал Сосиедад, иако ремито без голови на „Аноета“ не е преголем неуспех.

Кралевите имаа иницијатива, но без значајни шанси за гол, што му создава главоболка на Зинедин Зидан. Сега му гостуваат на тим што е во топ-форма и кој го немаат победено на последните три меѓусебни дуели.

За тим од калибарот на Реал Мадрид ќе биде премногу на уште еден меч да не постигне гол, а нападот на Бетис со Иглесијас, Фекир, Хоакин, Каналес… може да ја затресе мрежата на било кој тим во Ла Лига.

Гостите се фаворити и типуваме дека нема да загубат во меч со Гол-гол.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.12)

 

1703 – Марсеј – Мец (Лига 1, 21 часот)

Со два лоши настапи Марсеј го фрли во сенка успехот што го чекаше долго и победата против Пари Сен Жермен во Париз.

Сега имаат шанса со победа против аутсајдерот Мец да се вратат на победнички колосек и барем малку да ги вратат насмевките на своите навивачи на „Велодром“.

Преклани Марсеј го декласираше Мец со 6:3 и го испрати во втората лига, но поразениот тим брзо се врати во Лига 1. Претходно двете екипи одиграа неколку скромни дуели со малку голови.

Мец имаше тешка серија мечеви против Монако, ПСЖ и Лил и сите ги загуби со по 0:1, а потоа го победи Ремс, уште една силна екипа во Франција.

Сега ќе му гостуваат на уште еден фаворит и типуваме дека пак ќе загубат во меч со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 1&2>1 (3.10)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

ВБА – Челзи 2-2&2+ (2.40)

Интер – Фиорентина 1Х&ГГ (2.15)

Бетис – Реал Мадрид 2&2-5 (2.50) 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести