Прогнозерите нудат коефициент 337 од седум денешни дуели

Речиси 1.500 играчи на Спортска прогноза ги дадоа своите фиксови на 13-те понудени мечеви од бесплатната игра и по досега одиграните четири средби има прогнозери со максимален број погодоци. Тоа значи дека перфектните уште се во игра за освојување на главната премија, а тоа е мобилен телефон Ајфон 11. За оваа скапоцена премија потребно е да имате „Среќна 13-ка“.

Денеска на програмата има дури седум средби кои носат интересни размислувања од прогнозерите. Според процентите, дури три натпревари се очекува да завршат без победник.

Над 51 отсто прогнозираат дека ќе биде „икс“ на дуелот Анже – Брест, додека речиси 38 отсто за реми е на средбата Фрајбург – Волфсбург, на која можен е и двознак во корист на домаќините, затоа што само 28 отсто веруваат во три бода за Волфсбург. Без победник треба да биде и дуелот Валјадолид – Селта бидејќи 46 отсто очекуваат по еден бод за двата тима.

Предноста на домашен терен треба да ја искористат Бордо против Ница и Галатасарај во дербито против Фенербахче. Во победа на Бордо веруваат 68 отсто, а за радост на навивачите на Галатасарај во ова дерби серечиси 75 отсто, односно три четвртини од прогнозерите во ова коло.

Јувентус е фаворит за победа и тоа на гости кај Рома. Во „двојка“  веруваат безмалку 81 отсто од прогнозерите. И Вулверхемптон може со три бода да се врати од гости кај Вест Хем. Победа на „Волците“ очекуваат 52 отсто.

Според процентите на прогнозерите за овие понудени средби вкупниот коефициент е 337, што значи дека со само 20 вложени денари добивката може да изнесува 6.744 денари.

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ

1704  Бордо – Ница                            1        2.15

1705 Анже – Брест                             Х        3.20

1809 Фрајбург – Волфсбург             1Х      1.58

1959 Галатасарај – Фенербахче     1        2.25

1308 Валјадолид – Селта Виго       1       2.85

1008 Вест хем- Хулверхемптон      1       2.25

3010 Рома – Јувентус                       2        2.15

——————————————————————————-

Од овие седум меча се прави вкупен коефициент од 337

Со 20 вложени денари, добивката е 6.744 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести