6104 Англија – Данска (20:45 ч.)
По победата над Белгија, Англичаните се полни со самодоверба. Триумфот од пред три дена ќе загуби вредност доколку вечерва не се освојат трите бода и против Данска. Сепак, дека нема да биде лесно, се виде на дуелот од септемврискиот циклус на овие селекции, кога во Данска на свој терен одигра 0:0.
Данска важи за селекција која многу тешко прима голови, па затоа во последните 19 средби има само еден пораз.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.56)
6106 Италија – Холандија (20:45 ч.)
Двете селекции се во различна форма. Италија е во низа од 15 натпревари без пораз и мотив повеќе ќе имаат за да го стигнат рекордот од 17 средби без неуспех.
За разлика од Италија, Холанѓаните се влезени во голгетерска криза. Лалињата три меча по ред немаат дадено ниеден гол, нешто што им се немаше случено во претходните 11 години.
Во последните шест дуели на овие ривали, Италија има три победи и три нерешени, а дури пет беа од 0-2 гола.
Предлог тип: 0-2 (1.80)
6103 Хрватска – Франција (20:45 ч.)
Реприза од финалето на СП во Русија, а Франција повторно е во улога на фаворит. Освен победата на Мундијалот со 4:2, истиот резултат беше и минатиот месец во Париз. Сега се игра во Загреб, но факт е дека Галските петли не смеат да кикснат ако сакаат да останат во чекор со Португалија за освојување на првото место во групата.
Реално, Мбапе и друштвото треба да ги освојат трите бода, но Хрватска сигурно нема лесно да се предаде.
Предлог тип: 2 (2.05)
6112 Норвешка – Северна Ирска (20:45 ч.)
Со расположените Халанд и Одегард во составот, Норвешка е полна со оптимизам. Северна Ирска е ривал кој не треба да им зададе потешки проблеми, посебно ако се знае дека минатиот месец Норвешка на гости победи убедливо со 5:1.
За Северна Ирска овој меч и нема некое поголемо значење затоа што се заковани на дното од табелата. За гостите најважно беше што успеаја да ја елиминираат Босна и Херцеговина во полуфиналето од плејофот и сега се фокусирани само на натпреварот кој го играат следниот месец, а може да им донесе пласман на ЕП 2020.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.28)
6114 Русија – Унгарија (20:45 ч.)
Дуел кој може да реши за првото место во групата. Русите се во пол-позиција затоа што играат на домашен терен, но имаат и бод повеќе од противникот. Со евентуална победа, Зборнаја речиси сигурно ќе остане прва до крајот.
Унгарците се полни со самодоверба по победата над Србија во Белград, но, сепак, останува фактот дека кога играат против Русија, едноставно се немоќни. Во претходните шест меѓусебни дуели, Русија има пет победи, а само еден дуел завршил нерешено. Само пред еден месец, Русија со 3:2 победи во Будимпешта. Просекот на погодоци кога играат овие две репрезентации е над три на меч.
Предлог тип: 1&3+ (2.65)