Беше член на Интер, типува победа на Нероаѕурите во Дела Мадонина дербито

3002 Интер – Милан (Сабота, 18 часот)

Ќе му дадам предност на Интер, екипа за која ме врзуваат добри спомени, но реално и без емоции мислам дека имаат покомпактен тим.

И Милан игра одлично, нема пораз долго време, но според мене се за нијанса послаби со квалитет и со фонд на играчи. Секако дека во вакво дерби нема фаворити, не одлучува ниту квалитет, ниту форма, туку желбата за победа и подобрата стратегија.

Сум присуствувал на дербито Дела Мадонина, додека бев играч на Интер и тоа е вистински спектакл не само за Милано, туку и за цела Италија.

Двете екипи имаат огромна армија на навивачи, амбиентот пред 80 илјади гледачи е спектакуларен и штета што сега поради корона-вирусот ќе го нема добро познатиот амбиент на трибините на „Џузепе Меаца“.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

3003 Сампдорија – Лацио (Сабота, 18 часот)

Сампдорија изненади со победа во Фиренца во последното коло и ќе се обиде да избегне пораз против за нив многу незгодниот Лацио.

Клубот од Рим редовно во последно време ја победува Сампдорија и тоа убедливо, па очекувам сличен исход и денеска.

Лацио има доста повредени и отсутни играчи и уште неколку стандардни играчи што настапуваа за своите репрезентации во Лигата на Нации, но немаат избор освен победа и продор кон горниот дел на табелата.

Гостите се поквалитетни и ќе ја искористат предноста за да освојат важни бодови во Џенова.

Предлог тип: 2 (2.22)

 

3004 Кротоне – Јувентус (Сабота, 20.45 часот)

Очекувано Кротоне почна со порази при кам-бекот во Серија А и ќе бие грчевита битка за опстанок. Имаат скромен тим и Џовани Стропа ќе има тешка задача да најде рецепт за бегство од дното на табелата.

Јувентус и без Кристијано Роналдо е апсолутен фаворит, иако на последното гостување кај Кротоне не победи.

Очекувам оваа сезона во Серија А да биде најнеизвесна во последните десеттина години, па Старата дама нема право на кикс против аутсајдерите.

Типувам на рутинска победа на гостите со најмалку два гола во мрежата на Кордаз.

Предлог тип: 2&Т2 2+ (1.73)

 

3005 Болоња -Сасуоло (Недела, 12.30 часот)

Сасуоло продолжува со прекрасните игри и заслужено е меѓу петте непоразени екипи на стартот од Калчото. Костурот на екипата со мали промени е тој од лани, а и имаат континуитет на супер настапи што почна во минатото првенство по кам-бекот на Серија А.

Гостите играат модерен фудбал, напаѓачки и без калкулации против сите ривали во Италија. Со Болоња знаат честопати да одиграат меч со многу голови, па некако во тој тренд очекувам да биде и денеска на „Ренато Дал Ара“.

Последните пет меѓусебни дуели им се со ГГ&3+ и верувам дека традицијата ќе продолжи.

Предлог тип: ГГ3+ (1.68)

 

3009 Рома – Беневeнто (Недела, 20.45 часот)

Филипо Инѕаги беше напаѓач и некако во тој стил е и играта на Беневенто, екипа која има најдобар старт од клубовите што влегоа во Серија А.

Инѕаги склопил многу солиден тим и одлично го води од клупата, а доказ за тоа е и ланскиот настап во Втората лига, кога израмнија и рекорд со обезбеден пласман во повисок ранг на 7 натпревари до крајот на шампионатот.

И сега играат добро, калкулациите им испаднаа веројатно и подобро од тоа што го очекуваа. Шест бода од три меча е одличен ефект за Беневенто, а сега ќе играат натпревар на кој немаат што да загубат.

Рома е фаворит, во досегашните три меча со Беневенто има само победи, но очекувам и сериозен отпор од гостите. Верувам дека ќе има доста возбудувања на „Олимпико“ и ефикасен дуел со најмалку три гола

Предлог тип: ГГ&3+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести