Мурињо ќе комбинира, Лудогорец сонува луд подвиг во Лондон

6023 АЕК – Зорја (Лига на Европа, 18.55 часот)

Грците го одбја првиот меч во Украина убедливо со 4:1 и сега се фаворити бидејќи имаат и подобар тим и се во многу подобра форма.

АЕК е во серија од три победи и интересно на сите три натпревари примаше по еден гол. Во Запорожје пред три седмици лесно ја разоружаа Зорја, што им е единствена победа во Г групата.

Лестер и Брага се фаворити за пласман во следната фаза, но и АЕК може да се приклучи во битката за првите две места. Зорја има само теоретски шанси бидејќи нема ниту еден бод и гол-разликата им е лоша само со два постигнати гола и дури 9 примени.

АЕК мора да победи, Зорја нема што да загуби, па се очекува ефикасен меч сличен на тој во Запорожје на петти ноември.

Предлог тип: 1&ГГ (3.20)

 

6025 ЦСКА Софија – Јанг бојс (Лига на Европа, 18.55 часот)

Младите момци од Берн ја декласираа ЦСКА само за половина час на првиот меч и со три гола од втората до 32-рата минута ги разрешија сите дилеми околу победникот на меч што се играше пред три недели.

Бугарскиот гигант по долго време се врати на европската сцена, но игра скромно и сè уште нема постигнато гол на три меча во А групата.

Ќе мора да играат поофанзивно бидејќи ова им е последната шанса за да се приклучат во битката за пласман понатаму во конкуренција на Рома, Клуж и Јанг бојс.

Швајцарците имаат брзи напаѓачи, ќе ја користат секоја шанса за контранапад и ќе типуваме дека пак ќе ја победат ЦСКА во меч од А групата во Лигата на Европа.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

6021 Гент – Црвена ѕвезда (Лига на Европа, 18.55 часот)

Гент сè уште не може да се соземе од чудниот „лупинг“ што го направи раководството на клубот во септември, кога го смени тренерот Ласло Болоњи само по 25 дена откако познатиот Романец беше именуван за нов кормилар на клубот.

Потоа следуваше дебакл против Динамо Киев во финалето на квалификациите за ЛШ со вкупен резултат од 1:5, а Гент игра лошо и во Лигата на Европа.

Црвена ѕвезда го искористи тоа во Белград и победи со 2:1, па ако и денеска успее да ги надигра Белгијците, ќе биде на еден чекор до презимување во Лигата на Европа.

Гент нема ниту еден бод во Л групата и шансите за подвиг и пласман понатаму се само теоретски. Гостите имаат одлична гол-разлика и три бода повеќе од Либерец и шест од Гент, па им одговара и реми.

Нерешениот резултат не му одговара на домаќинот, кој ќе мора да напаѓа, што е шанса и за гостите. Очекуваме голови и ќе типуваме дека ќе се тресат и двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.62)

 

6035 Баер Леверкузен – Хапоел Бер Шева (Лига на Европа, 21 часот)

Фармацевтите влегоа во победнички ритам и се во серија од четири меча на кои триумфираа, а патем одиграа и ефектно и ефикасно.

Баер постигна дури 14 гола во тој период, што е просек од 3,5 по меч, примија и осум гола, на секој од нив најмалку по еден.

Во тоа расположение беше и мечот во Петах Тиква, каде што Баер направи пресврт и од негатива од 1:2 стигна до победа од 4:2 против Хапоел.

Израелците исто така играат напаѓачки фудбал, па може повторно да се очекува голеада на нивниот нов меѓусебен меч со Баер денеска, на „Бај арената“ во Леверкузен.

Предлог тип: 4+ (1.83)

 

6723 Тотенхем – Лудогорец (Лига на Европа, 21 часот)

Тотенхем не смее да си дозволи кикс денеска бидејќи има еднаков број бодови со Антверпен и ЛАСК, па битката за првите две места е неизвесна во Ј групата во Лигата на Европа.

Сепак, Спарс мора да мислат и на дербито со Челзи во Премиер лигата викендов, па Жозе Мурињо веројатно ќе поштеди дел од првотимиците.

Лудогорец е последен во групата и нема ниту еден бод, па му треба голем подвиг во Лондон за да ги сочува минималните шанси за пласман понатаму.

Бугарскиот тим има искусни играчи и може да му создаде проблеми на домаќинот, особено ако Кејн, Сон и уште некој од стандардните играчи не го почнат мечот.

Првиот дуел во Бугарија го доби Тотенхем со 3:1, а овде ќе типуваме дека исходот на мечот ќе се одлучува во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.93)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Гент – Црвена Ѕвезда Х2&2-4 (2.50)

Баер Леверкузен – Хапоел Бер Шева 1-1&3-5 (2.65)

Наполи -Риека Т1 1+& T1 3+ (1.80)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести