Интер се разбуди, со пресврт го победи Каљари (Видео)

Интер се разбуди навреме и со голови во финишот го победи Каљари со 3:1 на гостински терен, откако домаќините поведоа со топ-волејот на Рикардо Сотил.

Гостите промашија многу шанси во првото полувреме, а според непишаното фудбалско правило ги казни Сотил во 42. минута.

https://www.dailymotion.com/video/x7y1v66

Сепак фаворитот успеа да направи пресврт со голови во последните 15-на минути. Во 77. минута со уште еден прекрасен волеј израмни поранешниот играч на Каљари, Николо Барела, а победата на гостите им ја донесоа Данило Д`Амброзио со погодок во 84. минута и Ромелу Лукаку со гол во последните моменти на мечот.

https://twitter.com/FuscoRocco/status/1338112626430193668?s=20

Интер се проби на втората позиција со 24 бода, два помалку од лидерот Милан, кој има меч помалку. Каљари е на 12. позиција со 12 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести