Вашингтон и Милвоки се подготвени за нов спектакл со многу поени

8001 Вашингтон визардс – Милвоки бакс (НБА, 00 часот)

На последните четири меѓусебни натпревари двете екипи одиграа ултраефикасно и секогаш ја минуваа границата што и сега ќе типуваме дека ќе ја надминат, а тоа е да постигнат заедно најмалку 238 поени.

Во тој серијал Вашингтон и Милвоки особено се надминаа со кошеви на дуелот во јануари лани, кога имаше вкупно 282 поени, а Бакс славеа со 151:131.

Во двете екипи има по двајца кошаркари од врвен калибар и Ол-стар квалитет, па ќе гледаме интересни дуели меѓу Бил и Вестбрук како лидери на Визардс и Адетокумбо и Мидлтон, кои се предводници на кандидатот за титулата од Милвоки.

Предлог тип: >237.5 поени (1.65)

 

8429 Бруклин нетс – Њујорк никс (НБА, 01 часот)

Бруклин има четири победи по ред и бие голема битка со Филаделфија за првото место во Источната конференција. Мрежичките играат стабилно и без Кевин Дурант. Долго време не игра и одличната резерва Динвиди, а ноќеска против Њујорк нема да настапи и новото засилување Блејк Грифин.

Бруклин еднаш веќе го победи локалниот ривал Њујорк никс со 116:109 во јануари годинава, но претходно имаше два порази од Никс.

Гостите ќе играат без стартниот центар Робинсон, а веројатно нема да можат да сметаат и на Роуз и на Пејтон.

Никс имаат млад тим што ветува подобра иднина на гигантот во НБА лигата, а за првпат по подолго време има и позитивен биланс од 20 победи и 19 порази.

Рендл, Берет, Нтиликина и останатите кошаркари на Никс играат полетно, добро и нема да се предадат, а типуваме и дека нема да загубат со двоцифрена разлика.

Предлог тип: 2 хендикеп 11,5 поени (1.62)

 

1615 Бафало сејберс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 00 часот)

Според квалитетот Вашингтон е еден од топ-кандидатите за титулата во НХЛ и ноќеска ќе има убава шанса со нова победа да се доближи до лидерот во Источната дивизија Њујорк ајландерс.

Првиот напад на Капиталс со Овечкин, Бекстром и О`Ши е моќен и еден од најдобрите во НХЛ лигата, а и остатокот од тимот е составен од екстра квалитетни хокеари, па и во шесттиот меѓусебен меч со Бафало сезонава се големи фаворити.

Вашингтон ги победи Сајберс на четири од петте меча што ги одиграа во овој циклус во НХЛ лигата. Бафало игра многу слабо и е во многу лоша серија од 10 порази по ред, заглавен на последното место во Источната дивизија.

Гостите играат одлично, фатија ритам со четири триумфи во низа и прогнозираме дека ноќеска ќе запишат и петка.

Предлог тип: 2 (1.88) Супер тип на Sport Life

 

8313 Флорида пантерс – Чикаго блекхокс (НХЛ, 00 часот)

Флорида води против петтиот најтрофеен клуб во НХЛ лигата со 3:0 во победи сезнава и како играат на прагот е и четвртиот триумф. Пантерите можат да бидат и лидери во Централната дивизија ако пак ги освојат бодовите против шесткратниот првак.

Чикаго има многу проблеми со повреди на дел од клу;ните хокеари, а не му оди добро во дуелите со Флорида сезонава. Примија дури 15 гола на трите меча што ги загубија двапати со по 5:2 и еднаш по продолженија со 5:4.

Флорида е во подобра форма од Чикаго, сите хокеари му се на располагање на Жоел Кваневил и типуваме дека пак ќе бидат подобри од Блекхокс.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

8320 Калгари флејмс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 02 часот)

Едмонтон води со 3:1 во дуелите со ривалот од Канада во овој циклус на натпревари во НХЛ, што е чуден бидејќи во регуларниот дел од сезоната нема да има мечеви меѓу американските и канадските тимови.

Затоа има многу дуели на клубови од истите земји, а мечевите меѓу Калгари и Едмонтон досега беа исклучително ефикасни. На премиерниот кога Калгари ја забележа единствената победа сезонава против Ојлерс имаше најмногу погодoци, дури 10, а Флејмс славеа со 6:4.

Потоа Едмонтон им се реваншира со полна мерка со три победи по ред, а едната од нив беше убедлива со 7:1.

Ојлерс го имаат најефикасниот тандем во НХЛ лигата и Мекдејвид, кој е лидер со 52 поени и Драисајтл со 45 се блиску да искомбинираат и стотка.

И Калгари има одлични напаѓачи. Монахан, Гудро, Ткачук и Линдхолм се и квалитетни и многу искусни хокеари, па се очекува нов спектакуларен дуел на две канадски екипи со многу голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.65)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести