Ел Класико ветува нова драма, двете екипи ќе постигнат барем по еден гол

1002 Манчестер сити – Лидс (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Манчестер сити има убава традиција против Лидс на домашен терен и е непоразен во меч од Премиерлигата. Последниот пораз на популарните Граѓани во прволигашкото друштво од денешниот гостин е во 1990 година, две сезони пред да стартува сегашниот формат и познатата Премиерлига.

Двете екипи можат да играат релаксирано, бидејќи Сити е веќе речиси сигурно нов шампион на Англија, моментно со 14 бода предност пред градскиот ривал Манчестер јунајтед, но со еден меч повеќе.

Лидс игра одлична прва сезона во Премиерлигата по пауза од 16 години и ако приреди подвиг денеска ќе ги задржи минималните шанси за европски настап.

На гостите ќе им недостасува Џек Харисон, стрелец на 7 гола, кој е префлен во вториот тим на Лидс поради недисциплина. Сите останати играчи и кај Манчестер сити и кај Лидс се на располгање, па може да се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: 2+I&4+ (3.05)

 

1803 Баерн Минхен – Унион Берлин (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Екипата што лани ја прегази Европа и освои пет титули, сега е во големи проблеми, а се почна со повредата на најдбриот играч на планетата Роберт Левандовски.

Првиот стрелец на Баерн е повреден, а колку е неговото влијание на тимот се потврди и во поразот против ПСЖ. Интересно е што Левандовски му даваше барем по еден гол на Унион Берлин на сите три досегашни меѓусебни дуели, како играч на Баерн.

Денеск покрај Лева нема да настапат уште 9 играчи на Баерн, а можно е да биде и десетка, ако не игра и Ернандес. Ханси Флик ќе мора да најде алтернативи, а добро за Баерн е што има голема предност од 7 бода пред Лајпциг на 7 кола до крајот на Бундеслигата.

Многу поважен за европскиот првак е ребаншот со ПСЖ во Париз на 13. април, кога ќе мора да се анулира негативата од 2:3, ако Баварците сакаат да ја одбранат титулата во ЛШ.

Унион Берлин е многу незгодна екипа, нема што да загуби и ќе се обиде да приреди подвиг што им дава шанса да бијат битја за европски настап.

Предлот тип: 2+ п.п. (2.30)

 

1702 Стразбур – Пари Сен Жермен (Лига 1, Франција, 17 часот)

Светците се во незгодна ситуација најмногу поради отсуството на Нејмар, кој не може да игра поради црвен картон и на капитенот Маркињос, кој се повреди на дуелот со Баерн.

ПСЖ нема избор освен да атакува на победа, бидејќи Лил веќе побегна на шест бода разлика, па секој кикс на шампионот може да значи збогување со титулата.

Проблем за парижани е што мораат да мислат и на реваншот со Баерн во Лигата на шампионите, па мора да се комбинира и да се победи во Стразбур.

Во минатото Стразбур беше незгоден домаќин за ПСЖ и неколкупати остануваше непоразен, но сезонава играат скромно, иако секогаш голем е мотивот да се победи шампионот.

Голем проблем за домаќините е што нема да им игра најдобриот стрелец Лудовиг Ажорк, па ПСЖ ќе има полесна задача да победи.

Предлог тип: 2 (1.82)

 

3004 Парма – Милан (Серија А, Италија, 18 часот)

Интересен меч во кој и двете екипи имаат императив да победат. Парма веќе нема избор, освен да тргне во офанзива по цел плен, ако сака и следната сезона да игра во Серија А.

Домаќините имаат само една победа и катастрофален биланс во 2021 година што ги доведе на претпоследното место во Калчото.

Ниту Милан не блеска во последно време и има само еден триумф на последните пет меча, а им пропадна и шансата за пласман во Лигата на шампионите преку Европа Лигата, по елиминацијата од Манчестер јунајтед.

Росонерите се на второто место, но само еден-два кикска можат да значат и збогување со настап во ЛШ, бидејќи Јувентус, Аталанта, Наполи, па и Лацио и Рома чекаат шанса за пробив во најдобрата четворка во Серија А.

Парма нема победа против Милан на последните 7 меѓусебни дуели, типуваме дека пак ќе загуби, но и дека ќе постигне гол.

Предлог тип: 2&ГГ (3.85)

 

1306 Реал Мадрид – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Победникот на „Ел Класико“ драстично ќе си ги зголеми шансите за титулата, а ако Реал загуби тоа веројатно ќе значи крај на надежите за подобрување на шпанскиот рекорд со 35. домашна круна.

Реми најмногу му одговара на лидерот Атлетико Мадрид во лудите 9 кола што носат драматична завршница во битка на три екипи за пехарот.

Реал е во малку посложена ситуација, бидејќи го чека тежок реванш на „Енфилд Роуд“ против Ливерпул на 14. април, каде патуваат со предност од 3:1.

Домаќините ги храбри одличната форма со 10 победи и две нерешени и без пораз на последните 12 меча во сите конкуренции.

Барселона може да биде и лидер ако победи на 279-то „Ел Класико“, ако Атлетико не го победи Бетис во Севилја, па мотиви има и кај Каталонците.

Ел Класико секогаш е посебна приказна, едно од најголемите светски дербија и секако најпривлечно и најгледано, а денеска и двете екипи немаат избор, освен да одат на победа.

Ќе типуваме дека барем по еднаш ќе се тресат двете мрежи што ќе ги бранат Куртоа за Реал и Тер Штеген за Барселона.

Предлог тип: ГГ (1.50)

 

- Оглас -

Најнови вести