Орландо ги продаде ѕвездите, нема веќе магија за победи во НБА

8389 Минесота тимбервулфс – Бруклин нетс (НБА, 02 часот)

Минесота и Бруклин имаат интересен ривалитет во последно време и двапати играа продолженија од три меѓусебни меча во последните две години.

Бруклин направи олстар-тим со ангажманот на Харден, Дурант и на Ирвинг претходно, што го дополнија со Олдриџ и со Грифин, но никако да се екипираат.

Харден нема да игра сигурно против Минесота, а неизвесен е и настапот на Ирвинг и на Олдриџ, што им дава шанса на домаќините за подвиг против Мрежичките.

Минесота почна да игра подобро со камбекот на првата ѕвезда Карл-Ентони Таунс, а се врати и Деанџело Расел, што е дополнителен поттик за Волците, кои имаат одличен тим, но и големи малери во оваа сезона, па речиси сигурно нема да играат во плејофот.

Двете екипи имаат многу силни офанзивни оружја, играат динамична кошарка, па ќе типуваме дека ќе има над 233 поени во „Таргет центарот“.

Предлог тип: >233.5 поени (1.60) 

 

8384 Орландо меџик – Сан Антонио спарс (НБА, 02 часот)

Орландо ги продаде Вучевиќ, Гордон и Фурние, трите најзначајни и најквалитетни адути и на некој начин се откажа од трката за плејофот и тргна во голема реконструкција.

Магичните веднаш почуствуваа како е да се игра без ѕвездите во тимот и нанижаа пет порази по ред. Плејофот теоретски сè уште е достижен за нив, но како што играат, тоа ќе биде речиси невозможна мисија.

Сан Антонио го ослободи Лемаркус Олдриџ и без ветеранот кој замина во Бруклин, имаше четири порази по ред, серија што ја прекинаа со голема победа против Далас.

Спарс се моментно деветти во Западната конфернција, позиција што води во првата фаза од доигрувањето, но не смеат да се релаксираат бидејќи конкуренцијата е голема.

Предлог тип: 2-2 (1.82)

 

8356 Деарон Фокс (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Сакраменто кингс, 03 часот)

Кралевите потонаа во незгоден момент од сезоната и се во серија од шет порази. Деарон Фокс, кој е лидер на тимот, има слаба поддршка од соиграчите, што се одрази на игрите и на резултатите на Сакраменто.

Кингс паднаа на 12-тата позиција, што не води во плејофот, но шансите не се загубени. Имаат добар тим и млади играчи од кои се очекува да ја исполнат целта и да се пласираат во доигрувањето за титулата.

Ова ќе биде мини-дерби на две екипи што се под зоната за плејофот, но не се далеку да бидат учесници во битката за титулата.

Фокс ужива да игра против Пеликанс и на последните три меѓусебни дуели им уфрли дури 111 поени, или 37 во просек. Ќе типуваме дека серијалот на бекот на Кингс со ефикасни игри против Њу Орлеанс ќе продолжи и ноќеска.

Предлог тип: > 26.5 поени (1.87)

 

1615 Каролина хурикејнс – Детроит редвингс (НХЛ, 01 часот)

Ова е битка на лидерот и фенерџијата во Централната дивизија и иако разликата во бодови е голема, сепак, изненадувачки резултатот е израмнет, 3:3, во меѓусебната серија на натпревари сезонава.

Ураганите се единствениот тим што сè уште нема примено 100 гола и одличната дефанзива им е голем адут. Детроит, кој има 24 бода помалку, засега одлично ѝ се спротивставуваше на Каролина, што на крајот од регуларниот дел на сезоната сепак ќе биде слаба утеха за нив бидејќи нема да играат плејоф.

Гостите можат да играат без притисок, но хокеарите на Каролина сезонава знаат да се носат со предизвиците и ќе победат на свој мраз во „ПНЦ арената“.

Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life

 

8320 Монтреал канадијанс – Торонто мејплифс (НХЛ, 01 часот)

Дуото Метјуз-Марнер е незадржливо и Торонто има голем бенефит од страшниот напаѓачки тандем. На последниот дуел што го одиграа Мејплифс против Отава М&M имаа прекрасно шоу на мразот и си искомбинираа по четири поени.

Заедно имаат по 52 поени во Топ-5 на листата со најдобри поентери во лигата. И ноќеска ќе бидат големи адути во вечното канадско дерби со Монтреал, екипа што е во криза.

Најтрофејниот НХЛ-клуб има три порази по ред, а на гости им доаѓа лидерот и клуб што нареди шест победи и е голем фаворит за седмица.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести