Дејвис ќе го засили шампионот, коефициентот за плус поени во Далас е одличен

8001 Милвоки бакс – Филаделфија 76 (НБА, 01 часот)

Кај двете екипи е најавено дека ќе има отсутни кошаркари или нивниот настап е неизвесен, а се многу значајни. Првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо, има повреда на ногата, па не се знае дали ќе игра што е огромен хендикеп за Бакс.

Кај Филаделфија втората и третата ѕвезда, Бен Симонс и Тобијас Херис, веројатно нема да играат, па останува Џоел Ембид да се обиде да ги предводи 76-те до победа.

Мечот е значаен бидејќи може да го крои и врвот на табелата при завршната сметка на крајот од регуларниот дел од сезоната. Филаделфија е на врвот на Источната конференција и има четири победи повеќе од Милвоки.

Без три ѕвезди од олстар-калибар, тешко е да се очекува над 230 поени во дербито на Истокот, а двете екипи не успеваа во тоа на последните пет меѓусебни дуели.

Предлог тип: <230.5 поени (1.84)

 

8426 Орландо меџик – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 01 часот)

Со новиот формат во услови на пандемија со Ковид-19 сите екипи на Истокот сè уште имаат шанси за пласман во плејофот бидејќи е предвидено дури 10 од 15 екипи да го почнат доигрувањето за титулата.

Орландо заостанува за 7 победи зад Вашингтон и Торонто, шансите на магичните се мали, но постојат.Проблем за нив е што распродадоа „пола“ тим во февруари и сами си ги намалија драстично можностите да играат плејоф. Без Вучевиќ, Гордон и Фурние тоа е речиси невозможна мисија, а Орландо има и големи проблеми со повреди, па билансот од 1-9 на последните 10 натпревари не е изненадување.

Њу Орлеанс има подобар тим, иако и тие се во лоша серија од 4 порази и го немаат победено Орландо на последните пет меѓусебни натпревари.

Сепак, гостите имаат двајца одлични кошаркари од олстар-формат и Зајон Вилијамсон и Брендон Инграм ќе ги предводат Пеликанс до значајна победа во битката за плејоф.

Предлог тип: 2-2 (1.67)

 

8429 Далас маверикс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 03.30 часот)

Најавено е враќање на Ентони Дејвис во редовите на Лос Анџелес лејкерс по долга пауза, што ги зголемува шансите на шампионот за победа против Далас.

Леброн Џејмс ќе паузира уште неколку седмици, а без нив двајца Лејкерс имаат негативен биланс и паднаа на табелата во Западната конференција.

Далас бие битка за да си обезбеди место меѓу шесте екипи во Западната конференција, што ќе играат во првото коло од плејофот без дополнително разигрување.

Лејкерс треба да внимаваат да не го загубат петтото место што му дава шарм на дербито на Западот ноќеска во „Американ ерлајнс центар“ во Далас.

Последниот меѓусебен меч го играа точно на Божик, Лејкерс славеа убедливо со 138:115, па очекуваме нов дуел со многу поени.

Предлог тип: >219.5 поени (2,23)

 

8201 Бафало сејбрс – Бостон бруинс (НХЛ, 01 часот)

Бостон умешно го брани четвртото место во Источната дивизија, последно што води во плејофот, а Бафало одамна нема шанси како последнопласирана екипа во ова друштво.

Бруинс водат со 4:0 во серијата против Бафало и се очекува и ноќеска да победат бидејќи имаат подобар тим и се во опасен налет со пет триумфи по ред.

Последниот им е токму против денешниот ривал, кого го надиграа и го победија со 2:0 пред две ноќи.

Предлог тип: 2 (1.57)

 

8390 Питсбург пингвинс – Њу Џерси девилс (НХЛ, 01 часот)

Питсбург е една од најуспешните екипи во минатата деценија, а ноќеска играат многу важен меч и ако победат, речиси сигурно ќе бидат учесници во плејофот.

Двете екипи одиграа возбудлив меч пред три дена, веројатно и еден од најубавите сезонава во НХЛ, а славеше Питсбург со 7:6.

Њу Џерси веќе нема шанси за настап во доигрувањето за титулата, па може да игра порелаксирано. На последните три меѓусебни дуели на овие две екипи имаше многу голови, па сега ќе додаме уште и единица за комбиниран тип со погодоци.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести