Со преку 70 отсто сигурност, прогнозерите нудат коефициент од 134.6!

Дури осум меча се играат денеска од програмата на 35. коло на Спортска прогноза, а интересно е тоа што прогнозерите очекуваат доминација на домаќините. По вчерашните четири одиграни средби, вкупно 17 играчи имаат максимален број на погодоци и остануваат во трка за освојување на мобилен телефон Ајфон 11.

Возбудувањата денеска започнуваат во 12:30 часот со дуелот Џенова – Сасуоло, а над 50 отсто очекуваат победа на тимот на Горан Пандев, додека преку 30 отсто веруваат во нерешено, што значи дека над 80 отсто е дека нема да биде двојка. Олимпик Марсеј треба да слави на гости кај Сент Етјен, затоа што за двојка се околу 60 отсто.

Дури пет меча има на кои прогнозерите со над 70 отсто даваат предност на една од двете екипи. Манчестер јунајтед треба да победи во Бирмингем против Астон вила (има 76 отсто шанси), додека останатите четири меча се за „кец“. Келн ќе го победи Фрајбург според 77 отсто од прогнозерите, а фаворити во дерби дуелите се Реал Мадрид против Севилја (74 отсто) и Јувентус против Милан (70 отсто).

Дека Вест хем дома нема да загуби од Евертон очекуваа дури 85 отсто од прогнозерите па тука може да се одигра на двознак како посигирна варијанта.

Вкупно на овие осум меча според процентите на прогнозерите, може да се направи коефициент од 134.6, што значи дека за само 100 вложени денари добивката ќе биде 2.693 денари.

3005 Џенова – Сасуоло                             1Х     1.68

1704 Сент Етјен – Олимпик Марсеј         2       2.20

1809 Келн – Фрајбург                                 1       2.10

1007 Астон вила – Манчестер ј.               2       1.85

1008 Вест хем – Евертон                            1Х     1.37

2832 Херта – Арменија                               1       1.92

3657 Јувентус – Милан                              1       1.81

1309 Реал Мадрид – Севилја                    1       1.97

———————————————————————————–

Вкупен коефициент                                    134.6

 

- Оглас -

Најнови вести