Русија нема да биде фина со Финска, голови ќе има во Вечниот Град

6788 Финска- Русија (ЕП, 15 часот)

Ќе биде лошо за Русите ако и вторпат потклекнат на свој терен во Санкт Петербург денеска против Финска, откако го загубија првиот меч на Европското првенство на „Газпром арената“.

Во последното коло од Б групата, Русија ќе игра против Данска во Копенхаген и ако не ја победи Финска, ќе биде во многу незгодна позиција.

Финците се покомотни бидејќи направија подвиг со победа против Данска, па на преостанатите два меча по некои проценки би им бил доволен еден бод за да одат понатаму.

Но, и за нив поразот од Русија би бил проблематичен ако сакаат да играат во осминафиналето. Во последното коло ќе играат со Белгија, која е меѓу топ-5 фаворитите на шампионатот.

Русија има многу поголемо искуство на големите натпревраувања од Финците, кои дебитираат на Европските првенства, и типуваме дека домаќините ќе победат пред околу 35 илјади навивачи.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

6789 Турција – Велс (ЕП, 18 часот)

Турција и Велс немаат играно меѓусебен дуел скоро четврт век, а последниот во 1997 година заврши со неверојатен резултат од 6:4.

Интересно е што освен на тој меч што го добија Турците, на останатите пет што ги играле против Велс, една од двете репрезентации, или двете заедно, не постигнуваа гол.

Турција беше потенцирана од експертите како можно изненадување на шампионатот, но одигра многу слаб меч на премиерата на ЕП против Италија и загуби со 0:3.

Велс извади одлично реми, 1:1, против Швајцарија, но и тие и Турците ќе мора да одат на победа бидејќи во последното коло ќе играат со Италија, односно Швајцарија.

На мечот што ќе се игра на Олимпскиот стадион во Баку ќе типуваме дека и двете репрезентации ќе дадат гол.

Предлог тип: ГГ (2.09)

 

6790 Италија – Швајцарија (ЕП, 21 часот)

Италија победи убедливо против Турција со 3:0 и можеби и има простор да калкулира и да се задоволи и со реми, што не е случај со Швајцарците.

Тие одиграа нерешено со Велс и дури и бод со Италија денеска не им одговара. Би имале позиција да имаат два бода пред дуелот со Турција во последното коло, што не е никаква гаранција дека ќе го добијат, а со три бода тешко ќе се оди во вториот круг.

Швајцарија има многу солиден состав што може да ѝ парира на Италија, иако на „Олимпико“ во Рим Аѕурите се фаворити.

И двете селекции имаат одлични офанзивци и нашиот тип е ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (3.15)

 

2501 Бодо Глимт – Стромсгодсет (Норвешка, 18 часот)

Шампионот на Норвешка се најде во интересна ситуација и по освоената титула, продаде три од четирите најдобри стрелци. Јункер, кој беше голгетер на лигата со 27 погодоци, замина во Урава.

Зинкернагел, кој постигна 19 гола, беше трет стрелец и си замина во Ватфорд, а Јенс Хауге е играч на Милан. И без нив Бодо е лидер на табелата, но сезонава ќе биде потешко да ја одбранат титулата.

Стромсгодсет има две титули во историјата на норвешкиот фудбал, Бодо е со единствената круна од лани, но има многу подобар тим и ќе го победи денешниот ривал.

Предлог тип: 1 (1.36)

 

2502 Молде – Сарпсборг (Норвешка, 18 часот)

Молде му парираше на Розенборг во минатата декада и со четири титули е веднаш зад најтрофејниот клуб на Норвешка, кој освои пет како најуспешен тим.

Молде ги има само тие четири шампионски круни, што го рангира како шести најуспешен клуб во Норвешка, но тие се и најбаксузната екипа дури со 10 вицешампионски титули.

Сарпсборг е далеку од рангот на Молде, но сезонава ја почна солидно и ја има најдобрата одбрана само со два примени гола. Но, приказната има и друга страна, па Сарпсборг го има и најлошиот напад со само три постигнати гола.

Гостите ќе се обидат да изненадат, но Молде е фаворит и е многу поблискудо победата што ќе ја оствари, според нас, со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.91)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести