1001 Манчестер сити – Арсенал (Премиерлига, Англија, 13,30 часот)
Манчестер сити доминира во дуелите со Арсенал во последно време и билансот е 10:1 во победи на последните 11 натпревари. Интересно е што четири години по ред немаше реми, откако во 2017 година и двата меча што ги играа Сити и Арсенал завршија мирољубиво.
И двете екипи не се задоволни од стартот во Премиерлигата, а полошо мина Арсенал. Топчиите имаат два порази од по 0:2 и се уште немаат постигнато гол.
Манчестер сити загуби на премиерата од Тотенхем, па го декласира Норич со 5:0. За Арсенал во последно време особено опасен е Рахим Стерлинг со 5 постигнати голови на последните 8 меѓусебни натпревари.
Репрезентативецот на Англија и денеска ќе биде еден од главните адути на Сити. За домаќините веројатно нема да играат Де Бројне и Фоден.
Кај Арсенал се врати оптимизмот по победата од 6:0 против ВБА во Лига купот, но отсутните Томас, Вајт и Габриел му задаваат главоболки на Артета.
Предлог тип: ГГ (2.06)
1007 Ливерпул – Челзи (Премиерлига, Англија, 13,30 часот)
Двете екипи имаат долги серии без пораз и се во топ-форма на почетокот на новата сезона. Ливерпул не загубил од април годинава на официјален меч, а последен пораз им е тој од Реал Мадрид во Лигата на шампионите во април.
Челзи нема неуспех на четири меча по ред, освои и два пехари, со триумф во Лигата на шампионите и во Суперкупот на Европа.
И двете екипи се меѓу главните кандидати за титулата во Премиерлигата и дербито денеска ќе биде интересно. Окслејд-Чембрлен и Милнер нема да играат за Ливерпул, но тоа не е преголем хендикеп за домаќините кои имаат квалитетен тим и топ-менаџер во Јирген Клоп.
И Томас Тухел се покажа како одличен стратег и со Челзи веќе има два пехари. Денеска на „Енфилд“ ќе недостасува Пулишиќ, но и Челзи има широк и многу квалитетен ростер, па има замени за Американецот.
На последните пет меѓусебни дуели не одиграа ниту еднаш нерешено, па можеби е време за реми.
Предлог тип: Х (3.30)
3003 Лацио – Специја (Серија А, Италија, 18.30 часот)
Лацио досега одигра два меча против Специја во Серија А и двата се од ланскиот шампионат и завршија со идентичен резултат од 2:1.
Специја успешно ја прегрме историската авантура, лани, со прв настап во најквалитетната италијанска лига и обезбеди опстанок. Целта е иста и за овој циклус на натпревари, а Специја тргна со реми 2:2 на гостувањето кај Калјари.
Сега пак ќе гостуваат, но овојпат со поголем избор на играчи. На Сардинија отпатуваа само со 16 играчи и имаа само пет резерви од дозволениот максимум од 12 фудбалери што можат да седат на клупата.
Интересно е што Специја не одигра ниту еден тест меч во летниот подготвителен период, што е раритет во светот на фудбалот, особено за екипи од Топ-5 лигите.
Лацио го победи Емполи на гости со 3:1 и ќе се обиде да освои нови три бода во битката за висок пласман и е фаворит против Специја. Гостите можат да дадат гол, но бодовите остануваат во Рим.
Предлог тип: 1&ГГ (3.00)
3004 Аталанта – Болоња (Серија А, Италија, 18.30 часот)
Екипата на Болоња речиси и заборавила кога последен пат се радувала на победа во Бергамо. Серијата на Аталанта е 11 меча без пораз на домашен терен против 7-кратниот првак на Италија. Од нив 10 се победи и едно реми.
И според квалитетот тимот од Бергамо е подобар од Болоња, па се очекува нова победа. Отсуството на Запата, Хатебур и Де Рон кои не настапија во првото коло против Торино не се почуствува премногу кај Аталанта, па стартот беше победнички, со триумф од 2:1 против Биковите.
И Болоња победи во премиерното коло со 3:2 против Салернитана, но остана без Соријано и Шаутен кои беа исклучени. Тоа ќе биде голем хендикеп на гостувањето во Бергамо.
Лани Аталанта ја прегази Болоња со 5:0 на домашен терен и новата сезона двете екипи ја почнаа ефикасно, па со победата на фаворитот може да се комбинира и 4+.
Предлог тип: 1&4+ (2.65)
1305 Реал Сосиедад – Леванте (Ла Лига, Шпанија, 19.30 часот)
Леванте одигра одличен меч против Реал Мадрид и по многу драма и пресврти освои значаен бод со реми 3:3. Лошо за тимот за кој игра Енис Барди е што губат бодови со примени голови во финиш на натпреварите.
Против Кадис во првото коло испуштија победа со примен гол во 97 минута, а и Реал им израмни на 3:3 со погодок во 85 минута.
Клубот од Сан Себастијан има една победа и пораз на стартот од шампионатот и ќе се обиде на „Аноета“ да стаса до шест бода по три рунди.
Но, Леванте е многу солиден тим со неколку врвни играчи и незгоден за сите ривали во Ла Лига. Моралес, Рочина, Барди, Де Фрутос, Мелеро… се топ-играчи во компактна целина, долго играат заедно и клубот од Валенсија солидно плови во Ла Лига.
На последните шест меѓусебни дуели не му дадоа гол на Реал Сосиедад само во март годинава кога загубија со 1:0.
Предлог тип: ГГ (1.78)