6001 Динамо Киев – Баерн Минхен (Лига на шампиони, 18.45 часот)
Динамо Киев ќе има шанса во претпоследното коло во Е групата да го постигне првиот гол и да се надева дека ќе остане во игра барем за настап во Европ Лигата.
Баерн лесно ги прегази конкурентите, Барселона, Бенфика и Динамо Киев, и само по четири кола си обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Во Киев доаѓа драстично ослабен без 10-мина играчи, дел од нив стандардни првотимци, што е шанса за Динамо да изненади.
Интересно е што Динамо, кој е гигант во ерата на СССР, има позитивен биланс против Баерн во Киев и 3 победи, едно реми и еден пораз и денеска може барем еднаш да ја затресе мрежата на фаворитот.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.06)
6002 Вилјареал – Манчестер јунајтед (Лига на шампиони, 18.45 часот)
Двете екипи играат многу често меѓу себе годинава и ова ќе им биде трет меч, а претходните два понудија исклучително драматични моменти.
Вилјареал го победи Јунајтед во финалето на Лигата на Европа во мај годинава во Гдањск, дури по серија од 11 пенали и го освои пехарот.
Нова драма имаше во септември, а Црвените ѓаволи со голот на Кристијано Роналдо во 95-тата минута ја потопија Жолтата подморница од Шпанија во нивниот прв меч од Ф групата во ова издание на Лигата на шампионите.
Двете екипи имаат по 7 бода на првите две места и една од нив може веќе вечерва да биде патник во нокаут фазата. Ако победат гостите сигурно се осминафиналисти, а Вилјареал ќе се пласира меѓу 16-те најдобри екипи во ЛШ ако слави со два, или повеќе голови разлика.
На клупата на англискиот тим ќе дебитира Мајкл Карик, кој е поставен за В.Д. шеф на стручниот штаб, по отказот за Оле Гунар Солскјер.
Мала предност, најмногу поради хаосот што владее кај гостите, има Вилјареал, иако според коефициентите, фаворити се Црвените ѓаволи.
Предлог тип: 1Х & 2+ (1.98)
6003 Барселона – Бенфика (Лига на шампиони, 21 часот)
На Барселона не ѝ одговара реми бидејќи ќе има полош меѓусебен биланс со Бенфика, но со предност од два бода го почнува клучниот меч за пласман во нокаут-фазата.
Каталонците се посрамотија на првиот меч на „Луж“ во Лисабон и во поразот од 3:0 од Бенфика не шутнаа на голот на домаќините.
Сега ситуацијата е малку поинаква, Чави го замени Куман на клупата, но ќе има многу проблеми поради повредите на Фати и Буксетс, секако и Педри, кој не игра подолг период.
И гостите се хендикеприрани со шестмина отсутни играчи, а прашање е дали ќе калкулираат за да одат на бод. И реми во поволен расплет во последното коло и победа против Динамо Киев и пораз на Барса од Баерн би им го донел второто место.
Бенфика нема постигнато гол на последните две гостувања на „Камп ноу“, па ќе типуваме дека ќе имаат трета среќа, а гол(ови) мора да дава и Барса ако сака сигурен пласман во нокаут-фазата.
Предлог тип: ГГ (1.64)
1611 Малме – Зенит (Лига на шампиони, 21 часот)
На Малме му треба подвиг и победа повисока од 4:0 за да остане во игра за настап во Лигата на Европа.
На првиот меч во Санкт Петербург беа декласирани од Зенит, екипа која со победа денеска ќе остане и во игра за второто место ако Челзи загуби од Јувентус на домашен терен.
Шансите на рускиот тим за осминафинале во Лигата на шампионите реално се многу тенки и зависат од исходот во Лондон, а со поволен расплет би го чекале Челзи на домашен терен во последното коло. Во таков случај би им одговарала победа од два гола разлика, но за калкулации е рано, бидејќи има уште два меча до крај во Х групата.
Калкулации за расплет има многу, но на стадионот „Еледа“ во Малме вечерва нема простор за калкулации, па и двете екипи мора да одат на победа.
Предлог тип: 3+ (1.85) Супер тип на Sport Life
6008 Јанг Бојс – Аталанта (Лига на шампиони, 21 часот)
Двете екипи мораат да одат на победа ако сакаат да останат во игра за пласман во осминафиналето.
Во подобра ситуација се гостите со пет бода на третото место во Ф групата, но и Јанг Бојс има шанса за подвиг.
Аталанта со победа во Берн ќе има 8 бода и клучен меч за нокаут-фазата на свој терен против Вилјареал.
Задачата за Јанг Бојс е многу потешка и ќе им требаат две победи. Вечерва против италијанскиот тим и потоа против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ за да се надеваат на пласман во осминафиналето.
Јасно во замрсената ситуација во Ф групата е дека овде ќе нема калкулации и победата е императив за двете екипи, па ќе типуваме и дека ќе има голови.
Предлог тип: 3+ (1.56)