2838 Гезтепе – Фенербахче (Суперлига, Турција, 18 часот)
Фенербахче прекина незгодна серија од пет меча без триумф во турското првенство со најслатката победа за нив, против вечниот ривал Галатасарај и тоа на гости со гол во 94 минута.
Тоа ќе му даде крилја на 28-кратниот шампион и најтрофејна екипа да продолжи со победи, а ривал им е Гезетепе, екипа која е во лоша форма.
Адис Јаховиќ и соиграчите имаат само една победа на последните девет меча и тешко дека ќе успеат да го изненадат фаворитот Фенербахче.
Успех за домаќините би бил и еден бод, но според квалитетот и формата Фенер е фаворит.
Предлог тип: Х2&2+ (1.61)
2606 Елфсборг – АИК (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)
Ова е исклучително важен меч и за двете екипи и победата им го носи второто место на едно коло до крајот на шампионатот.
Двете екипи се во топ-10 на вечната листа во Шведска според бројот на титули. АИК е на четвртото место со 12 пехари, а Елфсборг е седми со шест титули.
Интересно е што пораз на една од двете екипи ќе значи дека веројатно нема да игра во Европа идната сезона, а пред стартот на дербито АИК на третата позиција има 53 бода, еден повеќе од Елфсборг.
АИК има шанса со триумф да се надева дури и на титулата, ако Малме во последниот меч загуби дома од Халмштад, а тие ги победат и Елфсборг и Сириус.
Варијанти има многу според коефициентите Елфсборг е фаворит, но ние ќе типуваме дека АИК ќе победи и ќе остане докрај во трката за титулата со Малме.
Предлог тип: 2 (3.05)
2806 Вејле – Митјиланд (Суперлига, Данска, 19 часот)
Во дуелот меѓу лидерот Митјиланд и фенерџијата Вејле, гостите ќе тргнат со голема психолошка предност.
Митјлиланд е кошмарен ривал за Вејле и има неверојатна серија од 18 меча без пораз од денешниот противник сметајќи ги сите натпреварувања.
Тоа е серија за почит, што веќе создаде и еден вид комплекс кај Вејле. Според рејтингот и титулите Вејле е поголем клуб од Митјиланд и има пет шампионски круни, наспротив трите на ривалот.
Но успесите на Вејле се далечно минато, последната шампионска круна им е од 1984 година, а сега се први кандидати за испаѓање.
Митјиланд ги освои сите три шампионски титули во последните 7 години и сега е топ-фаворит за четворка и секако за победа денеска против последнопласираниот тим во данското првенство.
Предлог тип: 2 (1.48)
1586 АПОЕЛ – Омонија (Прва лига, Кипар, 19 часот)
Головите се вистинско богатство на големото градско дерби на Никозија. На последните 10 меѓусебни дуели на АПОЕЛ и Омонија на ниту еден немаше повеќе од 3 гола, а на пола од нив беше од 0-1 гол.
Голема битка се очекува и денеска меѓу двете најтрофејни екипи,кои заедно комбинираат 49 титули, но како што стојат работите сега се далеку од јубилејната 50-ка.
Лани Омонија прва ја мина целта и ја прекина опасната доминација на АПОЕЛ со 7 титули по ред.
Овие натпревари се со многу набој, секогаш се неизвесни, а и двете екипи се во солидна форма, па ќе типуваме дека нема да има победник.
Предлог тип: Х (3.15)
1360 Осасуна – Елче (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Стадионот „Ел Садар“ во Памплона беше со снежна покривка вчера и домаќините со лесна механизација се обидуваат да го оспособат за многу важниот меч што Осасуна ќе го игра денеска од 21 часот против Елче.
Тимот од Памплона одлично ја почна сезоната, но сега е во криза со три порази по ред и серија од пет меча без победа.
Ниту Елче не е ништо подобар со низа од шест меча без триумф од нив четири порази и две ремија што го доведоа тимот во опасната зона, на 18. место со само 11 бода од 14 натпревари.
Условите за игра ќе бидат сложени, ако продолжи да паѓа снег, а мечот е исклучително важен и ќе има малку голови, со мала предност за Осасуна.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.50)