1618 Касимпаша – Бешикташ (Суперлига, Турција, 18 часот)
Шампионот на Турција е во невидена криза, а за него особено срамен е поразот од 0:4 од новиот прволигаш Ѓиресунспор во минатото коло.
Бешикташ моментно е десетти на табелата со 20 бода и е далеку од остварување на целта да се одбрани титулата.
Црно-белите од Истанбул играат очајно и во Лигата на шампионите и се последни во Ц групата, без бодови и со пет порази.
Касимпаша исто така е тим во лоша форма и се наоѓа на претпоследното место на табелата само со 10 бода на 14 натпревари.
Мечот не остава простор за калкулации за двете екипи, а и традицијата вели дека ќе има голови во двете мрежи и најмалку 3 погодоци на мечот.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.10) Супер тип на Sport Life
1811 Дармштад – Фортуна Дизелдорф (Бундеслига 2, Германија, 18.30 часот)
Двете екипи имаат над 120-годишна традиција, но Фортуна е попознат клуб и со повеќе успеси. Имаат една титула, двапати беа победници во Германскиот куп, а во мај 1979 година пропуштија шанса да освојат и европски трофеј.
Во едно од најубавите финалиња во еврокуповите, загубија со 4:3 од Барселона во Базел, во меч за пехарот во Купот на победници на куповите.
Дармштад нема ниту една значајна титула во Германија, но сега ситуацијата е малку поинаква.
Домаќините играат одличен фудбал во првата половина од сезоната во Цвајта и се кандидати за пласман во Бундеслигата.
Дармштад е втор зад Сент Паули, а има и најдобра гол-разлика, 37-17, и двајца одлични стрелци во Топ-5.
Лука Фајфер постигна 12 гола на делба на второто место на листата со најдобри стрелци, а Филип Тајц со 11 погодоци е петти. Тие се големи адути за нова победа и очекуваме Дармштад да слави против гостите, кои се во криза со четири меча во низа без триумф.
Предлог тип: 1 (1.88)
1801 Унион Берлин – Лајпциг (Бундеслига, 20.30 часот)
Унион Берлин успешно се држи, дури и напредува во третата сезона што ја игра во Бундеслигата.
Тимот станува стабилен бундеслигаш, а веќе игра и во европските купови. За шест дена ги чека многу важен меч со Славија Прага во битка за пласман во следната фаза во Лигата на Европа.
И Лајпциг има интересен европски меч, два дена порано, на 7 декември со Манчестер сити во Лигатана шампионите, и ако победи, сигурно ќе продолжи во Лигата на Европа.
Гостите имаат проблеми со повреди на играчите, денеска ќе играат без Олмо, Поулсен, Орбан, Халстенберг…, што е хендикеп за Лајпциг.
Унион во мај годинава го победи Лајпциг со 2:1 и сега пак има убава шанса да победи.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.90)
1302 Гранада – Алавес (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Силен адут на Гранада лани беше домашниот терен и на „Лос Карменес“ освоија дури 31 бод од вкупно 46, но тоа не е случај и во оваа сезона.
Тимот има само една победа на шесте домашни натпревари досега и ќе мора да почне почесто да победува ако сака опстанок.
Алавес е слаб на гости, а и двете екипи по 14 натпревари се блиску до опасната зона за испаѓање.
Лани одиграа два ефикасни меча со вкупно 9 гола, а и сега ситуацијата не им дозволува да калкулираат, па ќе типуваме дека и двете екипи ќе дадат гол.
Предлог тип: ГГ (1.97)
1537 Бенфика – Спортинг (Прва лига, Португалија, 22.15 часот)
Спортинг лошо минува на „Луж“ во последно време и редовно губи од Бенфика во големото градско дерби на Лисабон.
Ривалитетот е огромен и двете екипи од ист град меѓусебните дуели ги почнаа на почетокот на овој век.
Бенфика е рекордер со 37 титули, Спортинг има 19, а лутите ривали ги раздвојува Порто со 29 шампионски круни.
Во ланското првенство, Спортинг беше првак речиси по две децении и ја сопре 18-годишната двонасочна трка на Бенфика и Порто, екипи кои од 2002/03 до ланската сезона ги освоија сите титули во Португалија.
Бенфика има многу важен меч во среда против Динамо Киев и победа може да ги однесе Орлите во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Спортинг е порелаксиран бидејќи веќе се пласира во осминафиналето на ЛШ, па гостувањето кај Ајакс е без резултатско значење. Бодовите се исклучително значајни во трката на двете екипи со Порто за нова титула, па очекуваме тврд меч со мала предност за домаќинот.
Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.64)