Се чудеа кога го видоа Мурињо во ваква облека, но тој имаше посебен повод за тоа

Жозе Мурињо денеска во тренинг кампот на Рома се појави облечен во традиционална узбекистанска носија. Португалскиот стратег реши да биде така облечен за да покаже почит кон узбекистанската делегација која беше во Рома.

Оваа посета била планирана веќе неколку месеци, а повод е тоа што во Римската волчица летово потпиша узбекистанскиот репрезентативец Елдор Шомуродов, кој во Рим пристигна токму по иницијатива на Мурињо.

Тренерот на Рома како подарок доби традиционален узбекистански нож „Пичок“ изработен од најдобрите мајстори во таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести