6023 Лион – Глазгов ренџерс (Европа Лига, 18.45 часот)
И ова е еден од ревијалните мечеви без никакво резултатско значење и ќе се игра само за престиж.
Лион ги победи сите ривали и ако и денеска слави ќе има максимален биланс од 18 бода. Лавовите од Жерлан секако ќе бидат први, а гигантот од Шкотска е втор, без разлика на исходот на мечот на „Парк Олимпик“ во Лион.
Двете екипи имаат интересен биланс во меѓусебните дуели и сеуште се без реми, со по две победи.
И што е чудно и Лион и Ренџерс победуваа кога гостуваа, па сега можеби е време за првиот нерешен резултат во петтиот меѓусебен меч.
Предлог тип: Х (3.85)
6025 Легија – Спартак Москва (Европа Лига, 18.45 часот)
Најтрофејната полска екипа е во најголемата криза во новиот милениум и за чудо се наоѓа на позиција што води во Втората лига.
Иако играат слабо во домашното првенство, денеска со евентуална победа против Спартак би се пласирале во следната фаза во Ѐвропа Лигата.
За Легија победата е императив, ако сакаат да презимат во Европа во второто по ранг клупско натпреварување.
Спартак мора да победи, ако сака да биде сигурен патник во следниот круг на натпревари во Европа Лигата, а во одредена комбинација и со реми ќе оди понатаму.
Мечевите меѓу полските и руските екипи секогаш се со висок ризик, поради навивачите и големиот ривалитет.
Легија ќе се обиде со успех да го покрие мизернуиот старт во Екстракласа, но Спартак е во подобра форма и типуваме дека нема да загуби.
Предлог тип: Х2&2+ (1.83)
6027 Реал Сосиедад – ПСВ Ајндховен (Европа Лига, 18.45 часот)
Притисокот ќе биде голем товар за Реал Сосиедад, но шпанските екипи се извонредно подготвени и психички и физички и знаат да играат и кога имаат императив.
На Реал Сосеидад му треба победа и тоа е единствениот исход што им го носи второто место во Б групата, бидејќи лидерот Монако е недостижен за нив.
Ова е битка за второто место, а ПСВ Ајндховен има предност од два бода што значи дека и реми го носи во следната фаза во Европа Лигата.
Победникот продолжува во Европа Лигата, реми му одговара на ПСВ, а поразениот тим ќе продолжи во Конференциската лига на УЕФА, а типуваме дека таму ќе продолжи холандскиот тим.
Предлог тип: 1 (1.83)
6028 Фенербахче – Ајнтрахт Франкфурт (Европа Лига, 18.45 часот)
Двете екипи имаат јасна ситуација пред стартот на последното коло во Д групата во Европа Лигата.
Фенер ќе ги продолжи натпреварите во Конференциската лига и со евентуален пораз од Ајнтрахт вечерва, а гостите од Франкфурт со реми, или победа сигурно ќе бидат први во групата и ќе продолжат во следната фаза во Европа Лигата.
Мечот безмалку е од ревијален карактер, а и двете екипи мораат да мислат на следните натпревари во домашните првенства.
Фенербахче за две кола ќе го игра големото дерби со Бешикташ, а Ајнтрахт веќе в недела ќе има тежок меч против Баер Леверкузен.
Можно е и двете екипи да играат со комбинирани состави, па ќе типуваме дека нема да има победник во Истанбул.
Предлог тип: Х (3.60)
6797 Партизан – Анортозис (Конференциска лига на УЕФА, 18.45 часот)
Партизан и со реми ќе обезбеди презимување во Европа, бидејќи во таков случај ќе има подобар меѓусебен биланс со Флора, ако Естонците го победат Гент, но таа варијанта е малку веројатна.
На Анортозис му одговара само победа во Белград, но на популарната ЈНА тешко се победува.
Кипарскиот тим игра офанзивен фудбал и дава, но и прима многу голови, а гостите нема што да загубат, бидејќи се во ситуација да им одговара само триумф.
Партизан знае да игра на контри и ќе умее да ги искористи „дупките“ што ќе се отворат во одбраната на Анортозис.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.25)