16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Сега или никогаш е за Елче конечно да и даде гол на Барселона

3003 Аталанта – Рома (Серија А, Италија, 15 часот)

Аталанта имаше прекрасна серија од 10 меча без неуспех што ја прекина со шокантен пораз од Вилјареал кој ги исфрли од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Сепак Џампјеро Гасперини брзо ги врати своите избраници на победнички колосек и не дозволи Ла Деа да влезе во серија неуспеси.

И Рома имаше два порази по ред, но сега е во мини-серија од две победи, па се очекува интересен меч во Бергамо.

Честопати дуелите меѓу двете екипи се ефикасни, па ќе типуваме дека ќе има најмалку 3 гола.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

1805 Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Хофенхајм се разигра во финишот на првиот дел и гази се пред себе и денеска има противник кој е во голема криза и е како погоден за нов триумф.

Домаќините имаат четири победи и едно реми во последните месец дена, а во тој успешен серијал постигнаа 15 гола, или по три во просек.

Сосема спротивно Борусоија е големо разочарување во првиот дел од Бундеслигата што завршува викендов.

Имаат само 18 бода и се блиску до опасната зона за испаѓање. Имаат четири порази во низа со дури 17 примени гола, ил над четири во просек. Тешко дека денеска нешто ќе се смени, па се очекува нова голеада слична на мечот што го играа во април и на кој Хофенхајм победи со 3:2, иако на полувреме губеше со 0:2.

Предлог тип:2-3I&2-3II (5.00)

 

1006 Астон Вила – Барнли (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Ова е судир на два различни концепти, а засега Астон Вила со дупло бодови од Барнли очигледно го има подобриот модел на игра.

Тимот од Бирмингем има само едно реми во досегашните 17 кола, што е најмалку во Лигата заедно со Тотенхем.

Но, затоа имаат и 7 победи што им донесе вкупно 22 бода. За разлика од нив Барнли под команда на Шон Дајч е веќе препознатлив како тим што игра тврд фудбал и тешко победува. Барнли има само еден триумф сезонава и дури 8 ремија, што е рекорд што го дели со Саутемптон и Кристал Палас.

Астон вила нема победа на свој терен против Барнли од 2010 година и типуваме дека денеска ќе ја прекине лошата серија.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

1007 Лидс – Арсенал (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)

Лидс е сосема поинаква приказна од лани и хитот во Англија сега бие битка за спас. Го нема Џани Алиоски и очигледно е дека во Лидс и не е така забавно повеќе, особено по дебаклот со 7:0 од Манчестер сити.

Лани тимот беше најтркачки во Англија, сега е спор, неинвентивен и со многу проблеми, особено во одбраната.

Лидс има и проблеми со многу повредени и отсутни играчи и тешко дека ќе може да му парира на Арсенал, кој игра многу солидно и е на четвртата позиција.

Топчиите ја стегнаа одбраната и не примија гол на последните два меча, а можно е да направат хет-трик на дуел на кој се фаворити за победа.

Предлог тип: 2 (1.93)

 

1304 Барселона – Елче (Шпанија, Ла Лига)

Страотно лоша традиција има Елче против Барселона со 8 порази и едно реми и фрапантен податок дека никогаш не и дале гол на Барса.

Фаворитот и шпански гигант има вкупна гол-раазлика од 28:0 против Елче што е неверојатен податок.

За гостите сега е шанса да се затресе мрежата на Барселона, екипа која е во голема криза и испадна од Лигата на шампионите, а и во Ла Лига има скромен учинок со 24 бода на осмото место.

Лошо за Каталонците е што нема да им играат дури 8 фудбалери, меѓу кои се Пике, Фати, Педри, Депај, Дест, Роберто… што е можност за Елче да го прекине проклеството и да го постигне првиот гол во клупската историја на мечевите со Барселона.

Предлог тип: ГГ (1.89)

 

- Оглас -

Најнови вести