8001 Детроит пистонс – Минесота тимбервулфс (НБА, 01 часот)
Минесота е кандидат за плејофот во Западната конференција, моментно на седмото место со биланс 26-25 и игра добро во 2022 година.
Проблем сега им е повредата на Деанџело Расел, а со него имаат топ-тим. Ги предводат Карл Ентони Таунс и новата НБА-ѕвезда Ентони Едвардс.
Според многумина, Волците од Минесота ќе бидат многу незгоден ривал во плејофот ако се пласираат и ако триото Таунс-Расел-Едвардс биде фит.
Детроит е претпоследен во Источната конференција само со 12 победи на 50 меча и за нив целта во оваа сезона е да го минат периодот на трансформација на тимот со што повеќе победи.
Минесота е голем фаворит и типуваме дека ќе пообеди во меч со над 228 поени.
Предлог тип: 2&>228,5 поени (2,90)
8334 Атланта хоукс – Феникс санс (НБА, 01,30)
Двата клуба имаат одлични екипи и двајца врвни кошгетери, Тре Јанг кај Атланта и Девин Букер во составот на Феникс.
Гостите одредено време играат без стартниот центар Деандре Ајтон, но и без него се во прекрасна серија од 11 меча без пораз.
Дуото Крис Пол и Девин Букер потпомогнати од соиграчите сигурно го водат Феникс кон првото место во НБА во регуларниот дел, што би значело и предност на домашен терен во сите плејоф-фази во битката за титулата.
Сонцата се и единствениот тим со едноцифрен број порази, имаат само 9, со 41 победа досега.
Атланта има негативен биланс од 24-26 и се на десеттото место во Источната конференција, последно што води во доигрувањето.
И двете екипи бркаат важни бодови и се очекува ефикасен меч.
Предлог тип: >220,5 поени (1,66)
8409 Демар де Розан (НБА, Торонто репторс – Чикаго булс, 01.30 часот)
Де Розан се враќа во градот каде што ја почна НБА-кариерата и каде што мина девет сезони, но ја промаши најважната десетта, кога Торонто ја освои единствената шампионска титула во сезоната 2018/19 година.
Едно лето претходно Демар се пресели во Сан Антонио и остана без вреден прстен.
Во Торонто ќе го дочекаат со аплаузи бидејќи остави впечатлива трага во изградбата на шампионскиот тим.
Моментно Де Розан игра во врвна форма и е четврти стрелец во НБА со просек од 26,5 поени.
Токму тука некаде е и границата за него за дуелот што ќе се игра ноќеска меѓу Торонто и Чикаго и типуваме дека олраунд-кошаркарот на Булс ќе успее да оди во плус.
Предлог тип: >25,5 поени (1,85)
8336 Сан Антонио спарс – Мајами хит (НБА, 02.30 часот)
Мајами е на второто место во Источната конференција со биланс 32-20, но како да го губи здивот и има три порази по ред.
Добро е за гостите што полека се комплетираат по серијата повреди на клучните играчи. Веројатно ќе им недостасува Кајл Лаури, но во редовите се врати Батлер, кој е еден од клучните играчи на Хит.
Сан Антонио е на 12-тото место во Западната конференција, но не се далеку од плејофот.
Можно е за Спарс да не игра Дејонте Мареј, што би бил хендикеп, но и без него Мамузите се суперефикасни во последно време.
Предлог тип: >218,5 поени (1,64)
8337 Лос Анџелес клиперс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 04 часот)
Големото дерби на Лос Анџелес може да мине без три големи НБА-ѕвезди. Леброн Џејмс е повреден кај Лејкерс, а долго време отсутни кај Клиперс се Кавај Ленард и Пол Џорџ.
Остануваат само две значајни ѕвезди, а и двете ги имааат Лејкерс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.
Клиперс некако се снаоѓаат со проблемите, а ривалот реално потфрли досега во сезоната, па победата на овој меч има двојна вредност во големиот ривалитет во градското дерби.
Очекуваме тврд меч со помалку од 220 поени.
Предлог тип: <220,5 поени (1.61)