Ноле не дозволи да го фати полноќ и веќе е во четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако со 3:1 во сетови го победи Тим ван Ријтховен од Холандија (6:2, 4:6, 6:1, 6:2). На српскиот тенисер му требаше нешто помалку од три часа за да го елиминира противникот кој не е ниту во Топ 100 на АТП листата.

Во првиот сет Ѓоковиќ брзо направи брејк и поведе со 3:0, а потоа со уште еден брејк, го доби сетот со 6:2. Во вториот сет, Ван Ријтховен го одигра најдобриот свој тенис на овој меч. Холанѓанецот успеа да добие гејм на сервис на Ѓоковиќ и со 6:4 израмни на 1:1 во сетови.

Тоа како да беше знак Ѓоковиќ да заигра многу подобро, па во третиот сет фаворитот поведе со 5:0 и лесно го доби за предност од 2:1. На почетокот на четвртиот сет, Ѓоковиќ повторно направи брејк и тоа на крајот се покажа како доволно за да го добие и овој сет и со 3:1 да се радува по мечот.

- Оглас -

Најнови вести