Шкупи и Динамо пак ќе го спуштат гардот за голови

6745 П’лзењ – Хелсинки (Квалификации за ЛШ, 19 часот)

Чесите имаат убава предност, но според новото правило на УЕФА, двата гола на гости не им носат уште поголема предност при евентуално израмнет вкупен резултат.

Ако Хелсинки победи со 1:0, П’лзењ нема да оди понатаму, што би било случај со старото правило за повеќе голови на гости при израмнет вкупен резултат на двата меча.

Но, чешкиот тим секако има голема предност, беше подобар ривал на првиот меч и видливо беше дека има поквалитетен тим.

ХЈК може да постигне гол, но типуваме дека пак ќе загуби од П’лзењ.

Предлог тип: 1&ГГ (3.50)

 

6746 Шериф Т. – Марибор (Квалификации за ЛШ, 19 часот)

Едно од најголемите лански изненадувања во Лигата на шампионите, Шериф, сега има видно изменет тим, а го нема и македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Шериф не смее да игра во Тираспољ, кој е главен град на областа Транснистрија, поради сложената политичка ситуација во соседна Украина, па ќе му биде домаќин на Марибор во Зимбру.

Првакот на Словенија не успеа да ја искористи предноста на домашен терен на првиот меч и одигра без голови.

Сега Шериф е фаворит, но молдавскиот шампион често знае да одигра тврдо. Немаат пораз на последните 13 натпревари, а на последните шест играа со 0-2 гола, што е наш тип и за реваншот со Марибор.

Предлог тип: 0-2 гола (1.57)

 

6747 Дуделанж – Пјуник (Квалификации за ЛШ, 19.30 часот)

Пјуник приреди сериозно изненадување во претходното коло, кога го елиминира романскиот првак Клуж, но не успеа да избегне пораз од Дуделанж на првиот меч дома.

Тимот од Луксембург токму против Клуж во 2018 година испиша историја со вкупна победа од 5:2 во финалето на плејофот за настап во Лигата на Европа.

Дуделанж со тоа стана прв тим од Луксембург што играл во фаза по групи во еврокупови, а Романците неуспехот на Клуж го нарекоа најголем срам во историјата на романскиот фудбал.

Дуделанж и следната сезона играше во Лигата на Европа, по триумфот на пенали во финалното квалификациско коло против ерменскиот Арарат-Ерменија.

Сега се надеваат на европски хет-трик и прво учество во Лигата на шампионите и засега се на добар пат.

Пјуник е цврст тим и на последните 7 меча играше од 0-2 гола, но сега мора да нападне за да не испадне што ветува дека ќе има голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

6748 Шемрок – Лудогорец (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Ирците во лош момент влетаа во криза и немаат победа на последните три меча, а сега им треба голем подвиг ако сакаат да го елиминираат Лудогорец.

Клубот што доминира во Бугарија и има впечатливи резултати и во Европа, со настапи во Лигата на шампионите и Лигата на Европа го доби првиот меч со 3:0 и е голем фаворит за двомеч со Шкупи или Динамо Загреб во третото квалификациско коло за ЛШ.

Шемрок нема што да загуби, гостувањата на Островот секогаш се незгодни, но Лудогорец е сериозен тим и нема да си дозволи лускуз да биде елиминиран во меч за кој предвидуваме дека ќе паднат голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

6749 Шкупи – Динамо Загреб (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Шкупи има одличен резултат 2:2 од првиот меч во Загреб, но јасно е дека реномето, резултатите, поскапите играчи и квалитетот го прават Динамо фаворит и за реваншот.

За чаирчани ќе биде штета ако Мамаду Ламине Данфа не може да игра по повредата на тренинг, но Шкупи има агилни и брзи офанзивци и играчи во среден ред што можат пак да ја изненадат одбраната на Динамо.

Шанса за македонскиот првак е што Анте Чачиќ веројатно ќе биде принуден да смени двајца дефанзивци во одбраната поради повреди, а последниот ред и онака не функционираше добро на првиот меч.

Динамо има неколку навистина моќни индивидуалци, од калибарот на Петковиќ, Оршиќ, Иванушец, а предводени од командантот и капитен Адеми, секако дека можат да ја тресат мрежата на Шкупи, но и домаќинот има незгодни офанзивци, па Алварес и особено Адетунџи, Цефас и Кевен се подготвени барем еднаш пак да ја сместат топката зад грбот на Ливаковиќ.

Предлог тип: ГГ (2.14)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести