Шампионска петка со топ-коефициент може да донесе убава добивка во Sport Life

6021 Шкупи – Шемрок (Квалификации за Лигата на Европа, 21 часот)

Шкупи има незгодна негатива од два гола, а и правилото што е укинато од УЕФА за гол повеќе на гости ако победат дома со два разлика, не им оди во прилог.

Шемрок победи со 3:1 на првиот меч во Даблин, а имаше и доза на среќа бидејќи последниот гол го постигна во 97-мата минута.

Сега Фортуната ќе му треба и на македонскиот првак, но Шкупи ќе мора и да внимава на својот гол бидејќи секој примен погодок значи оддалечување од целта, а тоа е да се елиминира првакот на Република Ирска.

Шемрок е поискусен во вакви мечеви, тој е и првиот клуб од Република Ирска што играл во фаза по групи во Европа, а на страната на Шкупи е желбата за подвиг и поддршката од трибините.

Очекуваме тврд меч со најмногу три гола и Шкупи да не загуби.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.99)

 

1602 Жалгирис – Бодо/Глимт (Квалификации за Лигата на шампионите, 18 часот)

Норвешкиот првак сè реши уште на првиот меч и со победата од 5:0 е речиси сигурен патник во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.

Литванците ќе сакаат за утеха барем да победат, но Бодо е многу посилен тим и е во страшна форма.

Норвешкиот тим има пет победи по ред и на тие пет меча даде неверојатни 27 гола, или по 5,4 по меч.

Машинеријата на Бодо нема да сака да застане и е во ритам, а очекуваме со некој гол да се приклучи и Жалгирис.

Предлог тип: 3+ (2.02) Супер тип на Sport Life

 

6833 Пјуник – Црвена ѕвезда (Квалификации за Лигата на шампионите, 19 часот)

И овде сè е решено и во полуфинална фаза од квалификациите за Лигата на шампионите невозможна мисија е да се анулира негатива од пет гола.

Пјуник играше одлично во квалификациите сè до мечот во Белград, кога Црвена ѕвезда го прегази со 5:0.

Ерменците го елиминираа Клуж, кој беше голем фаворит, потоа и Дуделанж, но ќе мора да продолжат во квалификациите за Лигата на Европа бидејќи настап во Лигата на шампионите нема да има за нив во оваа сезона.

Црвена ѕвезда игра офанзивен фудбал и има топ напаѓачи, а и Пјуник ќе сака со триумф да се прости, па очекуваме најмалку 3 гола и во реваншот.

Предлог тип: 3+ (1.72)

 

6835 П’лзењ – Шериф (Квалификации за Лигата на шампионите, 19 часот)

П’лзењ го доби првиот меч со 2:1 и беше подобар противник во Зимбру. Сега и во реваншот Чесите се фаворити, а играат одлично на свој терен во П’лзењ, на „Досан арената“.

П’лзењ е без пораз на последните шест меча, а во овој циклус нанижа три победи на три меча.

Го елиминираа Хелсинки со победи од 2:1 и 5:0, па сега се многу блиску до плејоф-фазата за настап во Лигата на шампионите.

Шериф лани беше големо и пријатно изненадување во Лигата на шампионите, но од тој тим си заминаа и тренерот и дузина играчи, па типуваме дека П’лзењ ќе го елиминира со уште една победа.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

6836 Митјиланд – Бенфика (Квалификации за Лигата на шампионите, 19.45 часот)

Во Данска се подгрева атмосферата за подвиг и во Митјиланд веруваат во чудо, но Бенфика беше апсолутно надмоќна и подобар тим на првиот меч, што беше видлива и разликата во класа.

Орлите од Лисабон имаат многу поголем рејтинг од Митјиланд и се двојни европски прваци, а според сите критериуми, и сега имаат многу поквалитетен тим од ривалот.

Рамос, кој постигна хет-трик, и Нерес, новото засилување од Ајакс, одлично соработуваа, а Бенфика има моќен тим со уште многу ѕвезди, што не е случај со Митјиланд.

И домаќините и гостите даваат многу голови, па очекуваме нов ефикасен меч меѓу двете екипи.

Предлог тип: 3+ (1.71)

 

 

- Оглас -

Најнови вести