Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако минимално со 1:0 го победи Јувентус. Младиот 21-годишен напаѓач Гонзало Гарсија се покажа како клучен играч постигнувајќи го единствениот гол во 54 минута.
Во четвртфиналето Реал ќе го чека подобриот пд дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј.
Јувентус прв имаше шанса да постигне гол, но Коло Муани промаши зицер. Потоа Реал имаше шанса да поведе, но дефанзивата на Јувентус спасуваше од гол-линијата.
На почетокот на второто полувреме се случи клучниот момент. Новото засилување Александер Арнолд центрираше, а Гарсија со глава погоди за 1:0, момент кој на крајот се покажа како решавачки на средбата.