Бундеслигата е рај за голови, Хофенхајм и Баер се подготвени да потврдат

Хофенхајм – Баер Леверкузен (20.30 часот)

Бундеслигата сезонава е за мерак, се игра офанзивно, со многу голови и атрактивен фудбал, а меѓу екипите што се мошне ефикасни се и Хофенхајм и Баер.

Гостите ќе сакаат да се реваншираат за дебаклот што го доживеаја на „Бај арената“ против Хофенхајм во првиот дел од шампионатот.

Тогаш беше 4-1 за Хофенхајм, а Баер знае да одигра добро на арената „Вирсол Рајн Некар“. Таму победи последниот пат, исто така со 4-1, па некако и не би требало да има дилеми дека и вечерва ќе има многу голови во меч што им значи многу на двете екипи во битката за позиции кои водат во еврокуповите.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.25) Квота на денот

 

Киево – Калјари (20.30 часот)

Киево одамна е отпишан од Серија А, но „летечките магариња“ се борат и играат чесно, иако е веќе јасно дека заминуваат во понизок ранг.

Калјари во последно време игра по принципот победа-пораз и сè уште нема обезбедено опстанок во Калчото.

Со победите дома против фаворизираните Интер и Фиорентина се чекор поблиску до целта. Проблем им е да победуваат на гостински терен и досега на 14 гостувања, само еднаш славеа и трипати ремизираа, па во таа категорија се претпоследни во лигата.

Киево е во иста позиција кога е домаќин, што е главната причина, заедно со казната од 3 бода за фенерот во Серија А.

Тие немаат што да бранат веќе, можат да играат за себе, за публиката и за гол повеќе, а и Калјари мора да постигне барем еден гол, ако сака бод(ови) во Верона.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Рен – Лион (20.45 часот)

Дербито на 30-тото коло на „Роажон парк“ во Рен може да разреши многу дилеми, особено за домаќинот. Победа против Лион ќе ги остави во игра за позиции кои гарантираат настап во Лигата на Европа и следната сезона. Секој поинаков исход ќе значи речиси сигурно простување од битката за првите четири позиции.

Лион има добра предност од шест бода пред Марсеј и 7 во однос на Сент Етјен и Ремс во обидот да го сочува третото место што носи во Лигата на шампионите.

Овде ќе се обидеме со еден релативно ретко игран знак во обложувалниците. Ќе типуваме дека гостите први ќе постигнат гол. Така беше на последните три гостувања на Лион кај Рен, па очекуваме серијата да продолжи.

Предлог тип: 2 ПДГ (Прв дава гол) Квота на денот

 

Жирона – Атлетик Билбао (21 часот)

Жирона е феномен во Ла Лига сезонава и игра многу подобро на гости отколку на својот „Монтиливи“. Како домаќин е најслаба во Шпанија, заедно со Валјадолид, и само со 12 освоени бодови на 14 натпревари.

Затоа на гости блескаат и се трет најдобар гостин досега со 22 бодови, а пред нив е само дуото вечни ривали Барселона и Реал Мадрид. Тоа некако е и очекувано според композицијата на тимот на Жирона сезонава. Имаат брзи напаѓачи, кои знаат лесно да казнат од контранапади, што е главното оружје на Каталонците.

Атлетик Билбао игра подобро во вториот дел од сезоната и вечерва има добри шанси да остане непоразен во четвртиот меѓусебен меч со Жирона. Досега секоја екипа си победуваше на домашен терен, а гостите не успеваа да постигнат гол. Време е за уривање на традицијата, за поефикасен меч меѓу двете екипи и барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 1+I& 1+II (2.25) Квота на денот

 

Вест Бромич албион – Бирмингам (21 часот)

Новото дерби во Бирмингам во трилингот екипи со ВБА, Астон вила и Бирмингам, повторно ќе го запали градот, но, секако, најпрво треба да се избегнат сцените од последното градско дерби.

На дуелот меѓу Бирмингам и Астон вила од хулиган што дојде на теренот од трибината на Бирмингам беше удрен Џек Грилиш. Сцени што треба да бидат избегнати и вечерва на новото големо дерби на Бирмингам и во иднина. Бирмингам го загуби тој меч, токму со голот на Грилиш, и оттогаш нанижа уште два порази.

Условно кажано, гостите се доведоа во незгодна позиција, да се борат за опстанок, иако амбициите беа премиерлигашки.

За разлика од нив, ВБА со две победи прекина една незгодна серија од три меча без победа. Заостануваат зад трилингот на врвот и тешко ќе им биде да ги престигнат лидерот Норвич, Лидс и Шефилд јунајтед или барем две од трите екипи за директен пласман во Премиер лигата.

На последните пет дерби-мечеви меѓу ВБА и Бирмингам секогаш имаше барем по еден гол во двете мрежи, а и вечерва може да се очекува слично сценарио.

Предлог тип: ГГ (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести