Арсенал мора да победи – се работи за Лигата на шампиони

Аталанта – Емполи (20:30 ч.)

Кога едниот тим брка излез во Лигата на шампионите, а другиот е во зоната за испаѓање, па уште се игра и на теренот на фаворитите, исходот треба да биде познат. Аталанта е единствениот тим кој кога ќе се собере бројот на дадени и примени голови, се надминува бројката од 100, а тоа покажува колку игра офанзивно и не мисли на одбраната.

Исвен сигурен „кец“, ова ќе биде дуел на кој ќе има погодоци.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85) – квота на денот во Sport Life

 

Леганес – Реал Мадрид (21 ч.)

Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши без трофеј, но сепак Кралскиот клуб не смее да си дозволи срам и да губи на мечеви кои треба да ги добие. И Леганес нема многу страв од испаѓање, па може да се очекува отворен дуел.

Кога се работи за игра на гостински терен, Реал сезонава победи осум пати, но има и шест порази. Против Леганес загубија веќе еднаш во 2019 година, но тоа беше во Купот. На последните 10 меѓусебни средби немало реми, па се очекува и сега да биде така.

Предлог тип: 2&2-4 (2.50) – квота на денот во Sport Life

 

Ватфорд – Арсенал (21 ч.)

Домаќините се сигурни од испаѓање, а се далеку од трка за влез во Европа, па до крајот на сезоната ќе играат без голем притисок. Тоа не може да се каже за Арсенал, кој води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Топчиите“ со 63 бодови моментно се на шестото место, но три бода од денешниот дуел ќе значи израмнување со Челзи на четвртата позиција. Арсенал на гости сезонава има само пет победи во 15 средби и многу несигурна одбрана, па затоа може да се очекува дуел со погодоци.

Предлог тип: Т22+&ГГ (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

Ливорно – Бреша (21 ч.)

Многу значаен дуел за двете екипи. Ливорно има 30 бодови и е во зоната за испаѓање, но е со еднаков број бодови како и Фоџа, која е на позиција што дава шанса за спас во плејаутот. Затоа секој бод за домаќините е „злато“ вреден. Ако домаќините се борат за опстанок, тогаш Бреша го има најголемиот предизвик. Директно да обезбеди влез во Серија А.

Бреша моментно е лидер во Серија Б со 57 бодови, колку што има и Лече, но има и два меча помалку. Палермо е трет со 56 бодови и меч помалку. Победа на гостите ќе значи многу блиску до директен влез во италијанската елита за следната сезона.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Јонг Ајакс – ГА иглс (20 ч.)

Домаќините ја имаат улогата на фаворити, но традицијата е на страната на гостите. Во последните пет меѓусебни дуели, ГА иглс се радувал четири пати, а еден дуел завршил нерешено. Минимум два гола се загарантирани на овие средби. Ајакс се сигурни на средината на табелата, а ГА иглс ќе игра во разигрувањето за влез во Прва лига во Холандија.

Иглс сезонава на гости има осум победи во 16 средби, во кои имало вкупно 54 погодоци. Бодовите повеќе ќе им значат на гостите, па затоа и даваме предност на традицијата.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести