Во Финска загарантирани се головите, Мајорка оди на победа против Албасете

Хака – Мипа (17:30 ч.)

Хака е лидер во првенството со шест победи, две ремија и без пораз, што автоматски ја прави фаворит против Мипа, која е на претпоследното место на табелата. Просекот на голови кога игра Хака е точно три, а Мипа ја има најслабата одбрана во лигата.

Ова е како нарачан меч за игра на голови, но доколку сакате да комбинирате, може да се обложите и на победа на домаќините со повеќе погодоци во текот на 90 минути.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80) – квота на денот во Sport Life

 

Мајорка – Албасете (21 ч.)

Битка за влез во финалето од плејофот за пласман во Примера дивисион во Шпанија. Мајорка беше тимот кој во текот на првенството беше втор по освоени бодови на домашен терен (15 победи, 4 ремија и 2 порази), па затоа и ја има улогата фаворит.

Ако Мајорка може да се пофали како добар домаќин, Албасете беше одличен на гости. Со 34 освоени бодови во првенството на туѓ терен, го дели првото место во оваа статистика. Традицијата вели дека Албасете победил на четири од последните пет меѓусебни средби, а нерешено не било на последните осум средби.

Предлог тип: 1X&3+ (3.00) – квота на денот во Sport Life

 

Голден стејт – Торонто (петок, 03 ч.)

Актуелниот НБА-првак не се предава лесно, па успеа со победа на гости да ја задржи неизвесноста во финалето на НБА. Голден стејт сега го игра последниот меч во својата арена, не само за оваа сезона туку воопшто во историјата, бидејќи од другата сезона ќе имаат нов дом.

„Воините“ ќе бидат без Кевин Дурант, кој повторно се повреди на петиот меч и сега може да паузира и цела година. Интересно е што во двата меча од финалето пред своите гледачи, Голден стејт загуби, па ова треба да биде нивна трета среќа против Торонто, што би значело дека шампионот ќе треба да се одлучува со мајсторка.

Предлог тип: 1&>210,5 (3.30) – квота на денот во Sport Life

 

Австралија (Ж) – Бразил (Ж) (18 ч.)

Ова е дерби на денот од второто коло на Светското првенство за жени. Австралија веќе има еден пораз, и тоа од Италија со 1:2. На тој дуел, Австралија водеше на полувремето со 1:0, но „аѕурите“ направија целосен пресврт во вториот дел. Голот за победа беше постигнат во 90+5 минута.

Бразил без проблеми со 3:0 ја победи Јамајка и со помал притисок го очекува денешниот меч. Се очекува меч со погодоци, а Австралија едноставно мора да освои барем еден бод за да остане во трка за место во нокаут-фазата.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.40)

 

Евертон – Кобресал (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои слабо започнаа во првенството на Чиле и се во долниот дел од табелата. Евертон нема победа на последните пет средби, а гостите кога играат на туѓ терен, се само со една победа и реми, а имаат дури пет порази.

Нападот е послаба алка на двата тима, а и традицијата од меѓусебните средби вели дека на шест од последните седум меѓусебни средби немало повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 (1.93)

 

- Оглас -

Најнови вести