Јеонбук има победнички рецепт за кинески Шангај

Јеонбук – Шангај СИПГ (12 часот)

Јужнокорејците имаат одличен резултат од првиот меч и на домашен терен реваншот од осминафиналето во Азиската Лига на шампиони ќе го почнат со 1:1.

Во слична ситуација пред три години во истото натпреварување по ремито во Шангај без голови, Јеонбук на свој терен ги декласира Кинезите со 5:0. Тој двомеч беше четвртфинале, а Јеонбук потоа ја освои и титулата клупски континентален првак.

Сега Шангај има подобра екипа од пред три години, Оскар и Хулк се ѕвездите на кинескиот тим и можат порамноправно да играат, па дури и да приредат изненадување. Очекуваме гостите да постигнат барем еден гол.

Предлог тип: Т1 2+& ГГ (2.95) Квота на денот на Sport Life

 

Улсан Хјундаи – Урава редс (13 часот)

Улсан е единствениот тим што ја мина фазата по групи како првопласирана селекција со негативна гол-разлика. Во последното коло во за нив неважен меч загубија од Шангај СИПГ со 5:0 како гости и сепак останаа први со 11 бода и гол-разлика 5:7.

Оттогаш Јужнокорејците немаат пораз во серија од пет меча, а славеа и на „Саитама“ стадионот против Урава со 2:1 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

Улсан повторно е фаворит, на Урава и игра победа од два гола разлика, или победа со еден гол разлика, но со најмалку два постигнати гола на реваншот.

Предлог тип: ГГ (1.96)

 

Нигерија – Гвинеа (16.30 часот)

Нигерија го победи Бурунди на стартот од шампионатот на Африка, но не одигра на очекуваното ниво и се намачи со аутсајдерот. Еден магичен потег на Аина го искористи Игало за победнички погодок.

Супер орлите се фаворити против Гвинеа, но немаат победа на последните пет меѓусебни дуели со популарните Слонови. Нигерија пости во мечевите со денешниот ривал веќе 22 години и последен пат славеше во 1997 година.

Гвинеа на стартот не успеа да освои три бода во дуелот со аутсајдерот Мадагаскар, ремизираше 2:2, а нов нерешен резултат денеска би ги доближил до следната фаза.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.10) Квота на денот во Sport Life

 

Уганда – Зимбабве (19 часот)

Уганда немаше настап на АФКОН 39 години до минатото издание, а со игрите најавува продор кон горниот дом во конкуренција на одлични репрезентации.

Во второто едноподруго учество почетокот им е одличен, го победија ДР Конго со 2:0 и ако и денеска слават против Зимбавбе можат да се подготвуваат за осминафинале.

Популарните Воини од Зимбабве претрпеа очекуван пораз од домаќинот Египет, а за нив битката за следната фаза почнува денеска со дуелот против Уганда.

Мечот е многу важен за двете селекции, поразот носи проблеми, па ќе типуваме дека ќе има малку голови.

Предлог тип: 0-1 гол (2.38)

 

Египет – ДР Конго (22 часот)

Седум години двете селекции не играле меѓусебе, а двете последни средби беа различни. Во 2012 година беше 0:0, а само 24 месеци претходно Египет победи со 6:3.

Домаќинот на турнирот очекува многу од ова издание на АФКОН и сака да ја освои осмата титула и само да го подобри рекордот по бројот на трофеи, што е во нивна сопственост.

За Демократска Република Конго прашањето е како да се врати моралот кај играчите по неочекуваниот пораз од Уганда, во ситуација кога следен ривал е силна селекција од калибарот на Египет, патем и домаќин на турнирот.

Против себе ќе имаат околу 70-на илјади гледачи, симпатизери на Египет на националниот стадион во Каиро, што само ќе има ја направи мисијата уште потешка.

Египет има само еден пораз во меѓусебните дуели со ДР Конго, а и денеска Салах и соиграчите се големи фаворити за победа.

Предлог тип: Т1 1+I& Т1 2+ (2.25) Квота на денот во Sport Life

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести