Бока јуниорс ќе ги израмни сметките со Алмагро

Роџер Федерер – Хуан Лондеро (АТП Синсинати, 01 часот)

Федерер се враќа на тениската сцена по поразот од Новак Ѓоковиќ во драматичното финале на Вимблдон. Паузата од еден месец добро ќе му дојде на 38-годишниот ветеран, кој е рекордер со 7 титули во Синсинати.

Роџер се чувствува како дома во Синсинати и во последните 12 изданија на престижниот турнир дури 8 пати играше финале, а само лани беше поразен од Ѓоковиќ. Со прекрасните игри на Вимблдон покажа дека ниту годините не му се пречка да настапува на врвно ниво.

Лондеро е 13 години помлад, го победи Беретини во првото коло, но сè уште нема триумф против топ 10 играч. Аргентинците се специјалисти за игра на земја, а на Синсинати 55-рангираниот тенисер ќе се обиде против Федерер да покаже дека знае да игра и на тврда подлога. Сè уште нема АТП титула и е аутсајдер против еден од великаните на тениската игра.

Федерер секогаш е добредојден во Синсинати, публиката ќе биде на негова страна, а и квалитетот, без разлика на годините, е негова голема предност во дуелот со Лондеро, па ќе типуваме дека експресно ќе го добие мечот со Аргентинецот.

Предлог тип: <19.5 гемови (1.85)

 

Марија Сакари – Петра Квитова (ВТА Синсинати, 01 часот)

Сакари и Квитова играа меѓу себе во мај на земја во Рим и чешката тенисерка при резултат 1:1 во сетови го предаде мечот поради повреда. Очигледно е дека по хоророт што го преживеа кога беше нападната во нејзиниот дом, Квитова не играше на исто ниво. За малку ќе ја загубеше раката, а повредите беа сериозни, па дури и кариерата ѝ беше загрозена.

Сепак, Квитова е голем борец, го надмина сериозниот инцидент и повторно игра тенис. Има две гренд слем титули од Вимблдон и едно финале на Австралија опен, што е остварување за респект. Годинава комплетно се врати во топ-форма и веќе има две титули, една во Сиднеј и потоа и во Штутгарт.

Оваа година ќе ја памети и Марија Сакари по својата прва ВТА-титула во кариерата освоена во Рабат, Мароко.

Има неколку значајни победи против подоброрангирани тенисерки сезонава, но е далеку од реномето што го има Петра Квитова. Чешката тенисерка успеа да надмине голем психолошки шок и физички напад, повторно игра одлично и ќе типуваме дека ќе се пласира во следното коло на ВТА-турнирот во Синсинати.

Предлог тип: 2 (1.68)

 

Софија Кенин – Јулија Гергес (ВТА Синсинати, 01.30 часот)

Софија Кенин е една од тенисерките во која американската асоцијација вложува многу, а ја прогласија за идна ѕвезда уште од рана возраст. Играше со Џим Куриер во тандем против Венус Вилијамс и Тод Мартин во егзибициски меч уште како 16-годишна девојка, а тренираше и со Ана Курникова, што е потврда дека од неа многу се очекува.

Одличен настап имаше на Роџерс купот, кој се играше минатата седмица, а успеа да ја победи и најдоброрангираната тенисерка Ешли Барти, но загуби од шампионката Бјанка Андрееску во полуфиналето. Се наоѓа во топ-форма и е фаворит за победа против Јулија Гергес.

Германката е една од најатрактивните тенисерки, но во овој период од тениската сезона игра скромно. Минатиот месец на ВТА-турнирот во Лозана се повреди, но брзо закрепна и играше на Роџерс купот, каде што беше елиминирана во второто коло. Има одличен форхенд и ако успее да погодува како што знае, Кенин ќе има тешка задача.

Досега играа меѓу себе двапати и имаат по една победа, а ќе типуваме дека во третиот нивни меч ќе има голема битка и веројатно три сета.

Предлог тип: > 21.5 гем (1.85)

 

Бока јуниорс – Алмагро (Аргентински куп, 02.10 часот)

Алмагро не успеа да се врати во елитната аргентинска лига откако го загуби плејоф полуфиналето против Сентрал Кордоба. Ноќеска ќе гостуваат на легендарната „Бомбониера“ и ќе играат нокаут-меч од второто коло во аргентинскиот куп против големиот фаворит Бока јуниорс.

Сензационално звучи податокот дека во досегашните 4 меѓусебни дуели Алмагро има подобар биланс од Бока јуниорс. Мечевите се од минатата деценија, а Алмагро има две победи и по едно реми и пораз во дуелите со гигантот.

Избраниците на Густаво Алфаро ќе играат против второлигашот, а мораат да чуваат сили за домашниот шампионат и особено за гостувањето во Кито на 22 август, кога почнува двомечот на Бока со ЛДУ Кито во четврт-финалето на Копа Либертадорес. Сепак, се знае кој е фаворит, Бока ќе сака пласман понатаму и во аргентинскиот куп, па ќе типуваме дека ќе го победи Алмагро.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Пабло Карено-Буста – Џон Иснер (АТП Синсинати, 02.30 часот)

Џон Иснер е најголемиот домашен адут за евентуален подвиг и титула во Синсинати, а беше најблиску до трофејот во 2013 година кога во финалето во два тај-брејка беше поразен од Рафаел Надал.

Високиот Американец веќе одигра еден меч на турнирот и со многу мака го победи Лајовиќ со 2:1 во сетови, но и покажа дека сè уште му функционира најсилното оружје, сервисот. Имаше 27 асови и ако го повтори ефектот и против Карено-Буста, има одлични шанси за победа и пласман во осминафиналето.

Шпанецот е незгоден ривал, иако стигна на главната сцена во Синсинати преку квалификациите. Знае да игра на тврда подлога, две од трите титули во кариерата му се освоени на бетон, а играше и во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во 2017 година, што му е најголем успех на грендслем турнирите. Синсинати е токму турнир за последна подготовка за настап последниот гренд-слем во сезоната на „Флешинг Медоуз“ и Буста ќе се обиде да остане што подолго на турнирот.

Шпанецот е помлад шест години и ќе се обиде да го изненади 34-годишниот Иснер. За такво нешто ќе му треба добра тактика за да се искористи најголемата слабост на Американецот, неговите бавни движења. Иснер е веќе ветеран, што сè уште одлично сервира, но и се побавно се движи, што е голема предност за Карено-Буста.

Немаат играно меѓу себе, а ќе типуваме дека мечот ќе биде неизвесен и долг во три сета.

Предлог тип: >25.5 гемови (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести