По три недели пауза, повторно се враќаат возбудувањата во Формула 1. Светскиот првак Луис Хамилтон како да не е доволно загреан, па на последниот тренинг пред квалификациите за Големата награда на Белгија, возачот на Мерцедес излета од патеката.
На еден од свиоците, Хамилтон загуби контрола над болидот и се заби во заштитната ограда, а со тоа и уништи добар дел од болидот. Овој инцидент го доведе во прашање и настапот на Бриталецот на квалификациите кои започнуваат во 15 часот.